Пирс Броснан: Јас сум католик

Ирскиот глумец Пирс Броснан, познат меѓу останатото и по својата улога во легенрадниот таен агент Џејмс Бонд, на медиумите им објасни како успеа психички да ги преживее двете големи трагедии во неговиот живот – неодамнешната смрт на својата посвоена ќерка Шарлот, која умре од рак, како и смртта на првата сопруга Касандра Харис, која во 1991 година исто така ја изгуби борбата со ракот.

„Верата ми помогна. Јас сум католик“, одговори Броснан на прашање на медиумите и додаде:

„Верата ви е единственото што останува кога се чувствувате во четири наутро дека срцете ви е само црна дупка, а товарот на целиот свет е на вашите рамења. Никој не може да побегне од страдањата. Тоа е животот“ – објасни глумецот.

Бронсан рече дека деновите кога го интересираше само славата веќе одамна се зад него.

„Славата е меч со две острици. Треба да се научи да се живее без неа“, појасни и опиша како со својата втора сопруга Кели Шејн Смит води мирен живот на Хаваите и дека му е доста од холивудските лудила.

Битно нет/го*ко

Категорија: Свет

За авторот