Папата: Со младите луѓе можеме да го оствариме сонот за братски свет

Папата: Со младите луѓе можеме да го оствариме сонот за братски свет

По повод Меѓународниот ден на младите, Светиот Отец потсетува на значајниот придонес на новите генерации во грижата за другите, а посебно за оние на кои им е најпотребна.

„Со помош на младите луѓе и нивниот иновативен дух, ќе можеме да го оствариме сонот за свет во кој лебот, водата, лекот и работата ќе има во доволни количини и пред сѐ за најсиромашните“, објавено е на Твитер профилот на Папата по повод Меѓународниот ден на младите, воспоставен од Генералното собрание на ОН во 1999 година со цел да се нагласи важноста на учеството на младите во развојот на општеството. Годинешниот Ден на младите е посветен на темата „Трансформација на системите за храна: младински иновации за здравјето на луѓето и планетата“. Новите генерации се клучни за поттикнување на братскиот развој, според Валентина Ротонди, истражувач на Универзитетот Оксфорд и член на организацискиот комитет „Економија на Фрањо“, настан поттикнат од Светиот Отец во ноември 2020 година за промовирање на глобални промени.

„Младите се клучни во остварувањето на овој сон, пред сѐ затоа што се родени и израснати во свет каде што сите се чувствуваат блиску еден до друг“, рече Валентина Ротонди во интервју за „Ватикан њуз. Ние сме генерација „Еразмус“ [ н.з. програма за размена за студенти, професори и истражувачи во ЕУ], но ние сме и генерација која можеби сфати дека сите ние имаме корист од животната средина, но исто така треба да се грижиме за неа. Мораме заедно да се грижиме за неа. Покрај тоа, оваа пандемија нѐ натера да сфатиме дека сите ние сме браќа и сестри, и сите сме обединети и никој нема да се спаси сам“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот