Папата Фрањо пристигна во Киншаса

Папата Фрањо пристигна во Киншаса

Авионот со кој папата Фрањо се упати на Апостолско патување во Африка слета во 14.33 часот во Киншаса, Демократска Република Конго. Во својот вообичаен поздрав до новинарите, за време на летот за Африка, Папата ги посвети своите мисли на многумина кои ги загубија животите во пустината и на оние кои откако ја преминаа беа сместени во концентрациони логори.

Летајќи над Сахара за време на летот од Рим до Киншаса папата Фрањо спомна на бројните животи згаснати во песокот под товарот на замор, жед и насилство.

Во овој момент летаме над Сахара, да се потсетиме во тишина, во молитва, сите луѓе кои поминаа низ неа барајќи малку благосостојба, малку слобода, но не успеаја. Многу страдалници кои пристигнуваат на Медитеранот откако ќе ја преминаат пустината се ставени во концентрациони логори каде што страдаат. Да молиме за тие луѓе.

„Ви благодарам што си со мене“

Пред тивката молитва, папата Фрањо им се обрати на присутните новинари – околу 75 новинари од 12 земји, од кои двајца од Африка – и им се заблагодари што го следат на ова патување кое го чека една година.

Ова патување е убаво, би сакал да одам во Гома, но бидејќи има војна, не може да се оди таму. Ќе бидам само во Киншаса и Џуба, таму сé ќе одработиме. Ви благодарам што сте тука со мене, сите заедно, ви благодарам за вашата работа која е многу важен, многу помага затоа што им овозможува на луѓето, кои се заинтересирани за патувањето, да добијат слики, мисли, ваши размислувања за патувањето; ви благодарам многу.

Светиот Отец, освен тоа, рече дека му е жал што не може да направи вообичаена проштека во авионот за да ги поздрави, но денеска – рече – не можам. Тој остана седнат на своето место; малку ќе му биде срам да дојдат сите кај него, рече тој и додаде дека може да се поздрават од далеку.

Светиот Отец доби подароци од оние што го придружуваа на тоа патување. Новинарката Ева Фернандез од Радио Копе, радио станицата на Шпанската бискупска конференција, му подари парче карпа од Киву, од која се вади колтанот, и објасни дека за секој изваден килограм од тој минерал умираат две лица. Покрај тоа, новинарката на Ппапата му подари фрагмент од лава од вулканот Нирагонго, кој се наоѓа на околу 12 километри северно од градот Гома, а кој предизвикува катастрофи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот