Папата се сретна со пратеници од Чешка и Словачка

Папата се сретна со пратеници од Чешка и Словачка

Во петок, 22 март 2019 година папата Фрањо ја прими парламентарната делегација од Словачка и Чешка, по повод 1150 годишнина од смртта на свети Кирил Филозоф (14 февруари 869 година) една од најбрилијантните фигури на средновековна Европа погребан во Рим во црквата Сан Клeменте.

Повторно откријте ја постоечката важна врска помеѓу Евангелието и културниот идентитет, вреднувајќи ги христијанските корени, за да изградите посолидарно и општество на прифаќање – со тие зборови папата Фрањо ги поттикна пратениците од Чешка и Словачка кои ги прими во Ватикан по повод 1150 годишнина од смртта на свети Кирил, кој почина во Рим на 14 февруари 869 година.

Познавање и срдечност помеѓу народите

Свети Иван Павле II заедно со неговиот брат Методиј ги прогласи за созаштитници на Европа покрај светиот Бенедикт. Кирил – рече папата Фрањо, знаел да воспостави односи на познавање и срдечност меѓу народите станувајќи алка на поврзување меѓу различните култури и црковни традиции. Се надевам дека толку значајното духовно и културно наследство во сите ваши сограѓани ќе ја разбуди желбата за средба и отворање кон другите. Станува збор за тоа да се знае заедно да се живее со различностите по патот на дијалогот, солидарноста, градејќи мостови и рушејќи ги пречките на недовербата и предрасудите. Со таквото однесување стануваме сведоци на солидарноста и творци на мирот – рече Папата.

Христијанството – извор на надежта

Од друга страна – истакна папата Фрањо, посланието на двајцата солунски браќа засекогаш ја обележало историјата, уметноста и целата култура на Република Чешка и Република Словачка. Од тие двајца светци сѐ до нашите денови доаѓаат духовни и културни богатства, морално наследство кое треба да се чува и се повеќе да се вреднува. Вашата историја покажува дека христијанството секогаш било изворо на надеж и сила за обнова посебно во најмрачните и најтешките периоди – рече Папата.

Епохална промена

Составувајќи го словенското писмо и преведувајќи ја Библијата на стар словенски јазик го пружиле дарот на верскиот живот, но и културата на развојот на тие простори. Библиско-христијанската порака помогнала во раѓањето на правната држава во вашите како и во блиските земји. Во христијанството кое се навестува преку проповедање и славење на Литургија, се оствари епохална промена во вашето општество – рече Светиот Отец.

Добро, вистина и убавина

Огромното дело на евангелизација на словенските апостоли, направено со апостолски жар од страна на свети Кирил и неговиот брат во вашите земји претставува пример за инкултурација, кој сѐ уште е валиден во своите основни елементи. Имено Евангелието не го ослабнува она вистинското што се наоѓа во различните локални култури, туку им помага на поединците и заедниците да го препознаат и остварат доброто, вистината и убавината – истакна Папата и на крајот на присутните политичари им посака преку важна јавна служба секој ден да бидат протагонисти на братството и јасни и беспрекорни промотори на општото добро, нудејќи надеж на своите народи на кои повика Божји благослов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот