Папата: Светското првенство нека биде можност за зајакнување на мирот

Папата: Светското првенство нека биде можност за зајакнување на мирот

Во среда 23 ноември 2022 година за време на Генералната аудиенција папата Фрањо ги поздрави играчите, навивачите и гледачите кои го следат Светското фудбалско првенство во Катар и потсети дека во сабота се одбележува геноцидот наречен Холодомор во Украина.

Ги поздравувам играчите, навивачите и гледачите кои го следат Светското фудбалско првенство во Катар од сите континенти. Овој важен настан нека биде можност за средби и хармонија меѓу народите, зајакнување на братството и мирот меѓу народите. Да молиме за мир во светот и за крај на сите конфликти, а во нашите мисли посебно нека биде страшното страдање на драгиот и маченички украински народ.

Инаку, во сабота се одбележува годишнината од страшниот геноцид Холодомор (Гладомор), истребување со глад во 1932-33 година кои Сталин вештачки ги предизвика во Украина. Се молиме за жртвите на тој геноцид и да молиме за многуте Украинци, деца, жени и стари лица, деца, кои денес го поднесуваат мачеништво на агресијата, рече Папата во својот апел на крајот од редовната Генерална аудиенција во среда.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот