Папата: Кој е подобар –Пеле или Марадона? (Видео)

На неодамнешната средба со младите од Меѓународното евхаристиско движење папата Фрањо повторно ја покажа својата отвореност и спонтаност поради што е толку многу почитуван и ценет.

После официјалното поздравување Папата прашува една млада Бразилка:

-Ти си од Бразил?

После потврдниот одговор, Папата рече:

-„Имам прашање за тебе: „Кој е подобар, Марадона или Пеле?“

Нормално Бразилката го одбира својот сонародник фудбалерот Пеле пред сонародникот на Папата – Аргентинецот Диего Марадона.

„Пеле! – одговори таа подготвено и заедно започна да се смее со Папата, кој е голем љубител на фудбалот, и веднаш му се впушти во прегратките.

Погледнете го видеото

к.мк

Категорија: Ватикан

За авторот