Папата има важна улога во заштитата на животната средина

Папата има важна улога во заштитата на животната средина

Папата Фрањо има важна улога во заштитата на животната средина – рече во разговор за германската Католичка информативна агенција, Патриција Еспиноса Кантелано, генерален секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатските промени (UNFCCC).

Папата со своите впечатливи апели објаснува дека борбата против климатските промени се етичка одговорност која не се однесува само на нас овде и сега, туку и на идните генерации. Светиот Отец притоа не зборува само за државите, туку на секој човек поединечно. Сите сме му благодарни за тоа и имаме корист од неговиот углед како морален авторитет – истакна мексиканската дипломатка која својата сегашна функција ја извршува од 2016 година.

Додаваме на крајот дека во Бон од 6 до 17 ноември ова година ќе се одржи меѓународна конфернција за климатските промени.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот