Папата изрази намера да ги посети САД

Во понеделник 17 ноември 2014 година на отворањето на меѓурелигиски конгрес, кој се одржува во Ватикан папата Фрањо изрази намера во 2015 година да ги посети САД и да учествува на 8. Светски ден на семејства. Во својот говор Светиот Отец рече: „Би сакал да ви потврдам дека, со Божја волја, во септември 2015, сакам да одам во Филаделфија на 8. Светска средба на семејства.“ Папата не даде точен датум за патувањето, како и за други можни места кои би ги посетил.

Светскиот ден на семејства кој е во организација на Папскиот совет за семејства ќе се одржи во Филаделфија од 22-27 септември 2015 година. Според предвидувањата можно е Папата да го посети Вашингтон, како и ОН во Њујорк.

Веќе подолго време се очекува Папата да ги посети САД. Официјално до сега патувањата на Папата за 2015 година се потврдени за Шри Ланка и Филипините.

Кат нет/к.мк/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот