Папата го честита Велигден на верниците од Источните Цркви

Папата го честита Велигден на верниците од Источните Цркви

По завршувањето на молитвата Царице небесна на 28 април 2019 година Светиот Отец го честита Воскресението Христово на сите оние кои го слават Велигден според јулијанскиот календар.

„На нашите браќа и сестри од Источните Цркви кои денес, според јулијанскиот календар го слават Воскресението, им изразувам срдечни честитки. Воскреснатиот Господ нека им подари радост и мир. Еден аплауз за сите источни католици и православни, како би им кажале: „Честит Велигден!“ – рече папата Фрањо.

Истовремено Светиот Отец се заблагодари на сите оние кои му упатија пораки со честитки за празникот Воскресение Христово. Од срце ви возвраќам на честитките, молејќи секое добро за сите нив и за секое семејство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот