Папата го прими високиот комесар за човекови права на ОН Мишел Башеле

Папата го прими високиот комесар за човекови права на ОН Мишел Башеле

На 12 август 2020 година папата Фрањо во Ватикан го прими високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башеле, поранешна претседателка на Чиле.

Канцеларијата за печат при Светиот Престол не објави поединости од средбата, но набљудувачите оценуваат дека станало збор за борба против пандемијата од коронавирусот, затоа што папата Фрањо во март директно ја повика Башеле, кога искажа загриженост поради неконтролираното ширење на заразата во преполните затвори.

Како претседателка на Чиле, папата Фрањо ја прими Башеле во Ватикан во јуни 2015 година, а во претседателска улога таа го прими папата во Чиле во јануари 2018 година.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

 

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот