Папата: Во комуникацијата посебно скапоцено е наследството на сеќавањето

Папата: Во комуникацијата посебно скапоцено е наследството на сеќавањето

„Да можеш да проповедаш и да ти се вреже во сеќавањето. Животот станува историја“ е темата која папата Фрањо ја избра за 54 Светски ден на средствата за социјална комуникација кој се слави на 24 јануари 2020 година, на празникот на свети Фрањо Салешки заштитник на католичкиот печат.

Со изборот на таа тема земена од Книгата Исход (10,2), Папата истакнува дека во комуникацијата посебно скапоцено е наследството на сеќавањето. Папата често нагласува дека нема иднина без вкоренување во животот на историјата. Ни помага да разбереме дека сеќавањето не може да се смета за „статично тело“, туку за „динамична реалност“. Од генерација на генерација низ сеќавањето се пренесуваат настани, надежи, соништа и искуства.

Освен тоа, темата за следниот Светски ден на средствата за социјална комуникација нѐ потсетува дека секоја приказна се раѓа од животот и од средбата со другиот. Па, комуникацијата низ приказната би требало сеќавањето да го поврзе со животот. Исус се служел со параболи за да ја соопшти силата на животот на Божјото Царство, препуштајќи ги слушателите на слобода за да ги прифтат тие настани и да ги применат на себе. Силата на приказните се покажува во способноста за создавање на промена. Пример приказната има преобразувачка сила. Тоа го доживуваме кога низ приказната се соочуваме со животот на светците.

За таа работа Светиот Отец повторно неодамна зборуваше обраќајќи се на Дикастеријата на Светиот Престол за комуникација, кога поттикна на соопштување на големото богатство кое ни е дадено со сведоштвото на животот на мачениците. Уште еднаш во центарот на размислувањето Папата ги стави луѓето со нивните односи и вродената способност за комуникација. Папата од сите нас без исклучок бара тој талент да го направиме плоден; комуникацијата да ја направиме средство за градење мостови, единство и меѓусебно делење на убавината затоа што сме браќа во време кое е обележано со спротивности и поделби.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот