Објавена е програмата за посетата на папата Фрањо на Асизи

Објавена е програмата за посетата на папата Фрањо на Асизи

Ватикан ја објави програмата за еднодневната приватна посета на папата Фрањо на Асизи каде на 12 ноември ќе се сретне со сиромашните

Папата Фрањо во петок, 12 ноември 2021 година, по повод Светскиот ден на сиромашните ќе отпатува во италијанскиот град Асизи.

Средбата во Асизи, родниот град на Свети Фрањо, ќе биде приватна, на која папата Фрањо ќе сподели моменти на слушање и молитва со околу 500 луѓе од цела Европа.

Програмата на папата Фрањо во Асизи

9:00 часот – Пристигнување на Светиот Отец во Асизи

Покрај властите, кои ќе го пречекаат во дворот на базиликата Свети Фрањо во Асизи, на Папата добредојде ќе му искажат и сиромашните, кои ќе формираат симболична „прегратка“ за да го пречекаат.

Некои од сиромашните, исто така, симболично ќе му предадат на папата Фрањо поклоничка наметката и стап, што ќе симболизира дека сите се дојдени како поклоници во местата на Свети Фрањо, за да го слушнат неговиот збор.

Во базиликата – Сведоштво на шест сиромашни луѓе (двајца Французи, еден Полјак, еден Шпанец, двајца Италијанци)

Одговор на Светиот Отец

10:30 часот – Момент на пауза за да се понуди освежување на сиромашните

11:00 часот – Враќање во базиликата

Молитвен момент со Светиот Отец

Делење на подароците од Папата на сиромашните

Завршни зборови

Папата се враќа во Ватикан со хеликоптер додека сиромашните ќе бидат на ручек кај бискупот од Асизи, Доменико Сорентино.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот