Најдоброто магаре на сите времиња

Па, беше еднаш едно магаре, најдобото магаре на сите времиња. Знаеме дека својот долг век го поминал главно во галилејското место по име Назарет. Неговиот господар Јосиф го добил како подарок од неговиот чичко, Мататиј угледен и чесен работник од Галилеја. Вели дека бил од најдобрата раса на магариња од древните египетски магариња на Јосиф Египетски. Веднаш Јосиф за своето младо, убаво и сиво магаре подигнал зад куќата до својата работилница, мала штала од суви камени ѕидови и дрвена надградба. А бидејќи Јосиф бил дрводелец по мерка му направил и самар. Тој бил прекрасен самар од бел кедар, внимателно изработен и украсен со резба и шари, обложен со двојно јагнешко руно, со убав волнен огламник и со јажиња. За посебни прилики Марија со своите раце му исплетела прекрасен огламник со пет убави фенси реси. Секогаш околу вратот носел  жубав сино-црвен ѓердан, по кој бил препознатлив во тој крај. Тоа Магарето било мило животинче со оние свои големи црни и скокотливи очи. Со заеднички договор на Јосиф и Марија нивното младо магаре го добил името Нико.

Внимателно се грижеле за него, го пуштале на пасиште, го воделе до коритото за вода, а Марија со посебно внимание често го наградувала со десерт, најчесто суви смокви, багрем и урми. Нико бил многу наврзан на своите господари како најверно куче. Уште од младоста со Јосиф поминал многу околни села и места и секогаш предизвикувал восхит посебно во деновите на пазари кога на исто место се затекнувале многу магариња, мулиња, мазги и по некој коњ. Јосиф не требало ниту да го гони и камшикува, не му требало стап затоа што Нико било добро животинче.

Првото важно патување на Нико

Големата историска приказна за доброто магаре Нико започнува во времето на некои необични настани и случувања во Палестина кон крајот на епохата, токму во времето на римскиот цар Августин (…) На своето прво долго патување заминал ненадејно. Имено Марија добила вест дека нејзината добра тетка од страната на мајка ѝ Елисавета во своите поодминати години забременила па и е потребна помош, и договорот бил дека тоа најдобро ќе го направи токму таа, Марија. Требало итно да замине од галилејскиот Назарет во јудејското местенце Аин Карим близу до Ерусалим, а тоа е на оддалеченост од околу 150 километри. (…) За магарето полесно да го поднесе товарот, Марија на брза рака подготвила и едно ќебе од волна и козји влакна за да се стави под самарот за товарот на Нико да биде што е можно помек и попријатен под самарот и товарот. И тргнува на пат. (…) Во Аин Карем (…) Нико имал прекрасни денови, добро пасиште. По три месеци следувал патот за враќање во Назарет.

Трогателно патување во Витлеем

Другото големо патување кон југот речиси на иста оддалеченост се случило по неполна една година подоцна. Јосиф и Марија морале да појдат во градот Витлеем на попис на населението по наредба на римскиот двор. А Марија била во напредна бременост. Боже мој да не било доброто магаре Нико како би поминале толку пат, како би издржала Марија! Со тој настан Марија и Јосиф најмногу почувствувале колку им значи и вреди нивното добро магаре. (…) Покорно и тивко со троми чекори Нико на самарот ја носел Марија светата родителка на Богочовекот од Назарет до Витлеем и кога изморен од петдневниот пат, ослободен од самарот легнал покрај јаслите онаа пресвета божиќна ноќ во која ни е роден Спасителот на светот, доброто магаре Нико било само метар оддалечен од тоа чудесно Новороденче, Цар на сите цареви и Господар на сите господари Кој што нежните раце од радост на расплаканата Мајка го положиле на малиот куп слама со која пред малку се засити доброто магаре. Кога тогаш да се исполнија зборовите на пророкот Исаија кој пред многу векови ги запишал: „Волот го познава стопанот свој, и оселот – јаслите на господарот свој, а Израилот не Ме познава, Мојот народ не разбира.“ (Исаија 1, 3). (…) Велат дека магарето Нико во најраната зора излегол пред шталата, добро се истресол, високо ја подигнал главата и го кажал своето најубаво и најдолго радосно магарешко ревење. Тоа бил неговиот прв поздрав на својот нов господар, од кој во целиот свој магарешки век нема да се раздели.

Патиштата на магарето Нико воделе потоа од Витлеем во Ерусалим. Повторно на прекрасниот самар и со украсен огламник магарето Нико гордо ја носи Богомајката и нејзиното Дете Богочовекот Исус Христос. Камената улица до храмот Нико веќе ја знаел и затоа гордо марширал па Јосиф никогаш не требало со камшик да го поттикнува или казнува. Знаел Нико каде треба да појде до коритото за вода, каде може да се одмори од напорните патувања. А како малку разгалено животинче имал свој начин како да испроси неколку слатки од рацете на Марија. Секој пат три пати со предната десна нога правел мало движење по земјата. Тоа било знак дека им се заблагодарува.

Магарето Нико во караванот за Египет

Недолго после тоа дошло до неочекуван пресврт. Повторно требало да појде на далечен и непознат пат. И магарето Нико почувствувало дека нешто необично се подготвува. Неколку дена пред таа вечер кај Јосиф и Марија доаѓале некои луѓе, донесувале разни работи и тивко шепотеле до доцна во ноќта. Една ноќ се случи и целосно необичен настан за кој некои добри луѓе зборувале дека се појавил ангел и разговарал со Јосиф. Без разлика како било по тие неколку чудни и возбудливи денови и ноќи, во раната зора Нико беше насамарен и сосема сигурно насетуваше дека тргнува на некое чудно патување. Марија го завиткала на градите своето сакано Дете Јосиф и помагаше удобно да се смести на самарот. Јосиф го земал јажето и го предводел магарето југозападно од Витлеем. Само што почнаа да се огласуваат првите птици, а со одмерениот звук на копитата на магарето и одењето се слушаше само тивко и нажалено рецитирањето на псалмите на замислените родители.

Престојот на магарето Нико во Египет

Семејството среќно и здраво пристигна во земјата на Нил и тука пронајдоа сместување и издржување помеѓу бројните Евреи кои престојуваат во Египет. (…) Јосиф во тие неколку месеци изработуваше самари и разни други предмети од дрва за домашни и економски потреби. (…) Магарето Нико брзо се припитоми на новата средина, на доброто зелено пасиште, на новите патеки и најпосле на вкусниот зоб и јачмен…(…) По само неколку месеци престој во Египет светото семејство започна да се подготвува за враќање откако Рубен на Јосиф и Марија им донесе порака дека доверливо се дознала веста од Ерусалим, од Захарија дека сега може мирно да се врати затоа што опасноста од лутиот, завидлив и алчен Ирод веќе поминала. (…)

Враќање на Нико во саканата земја

Кон крајот на месецот тишри тргна караванот кон север, а со него и светото семејство. (…) Во текот на тоа напорно патување Нико го одржуваше чекорот со целиот караван и немало никаков проблем со него. Се радуваше кога Јосиф му го тргнуваше самарот па можеше да се искуши од потта и слободно да се извалка по земјата. (…)

Кога Нико дошол до својата штала во Назарет веднаш разиграно се огласил со своето карактеристично рикање и така сите соседи дознале за среќното враќање на светото семејство. Заминал на познатите пасишта, одел по познатите улици и патеки, му служел верно на Јосиф и упорно. Како што малиот Исус растел и Тој се повеќе го сакал Нико. Велат дека со задоволство седел на самарот на Нико и често со своите рачиња го милувал по малата грива и големите уши на своето магаре.

Избрани делови од Н.М. Рошчиќ Апологија Асинарија, Похвално слово за најдоброто магаре на сите времиња/Гласник мира/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Размислување, Свет

За авторот