Му честитаме на папата Фрањо четири години понтификат!

Му честитаме на папата Фрањо четири години понтификат!

Поминаа четири години откако за папа е избран исусовецот кардинал Хорхе Марио Берголио. Од оџакот на Сикстинската капела во 19 часот излезе бел дим, а плоштадот свети Петар во Рим одекна „Habemus papam“.

Прв пат после 1300 години за Папа е изран кардинал кој не е од Европа. Аргентинскиот кардинал го зеде името Фрањо, по свети Фрањо Асишки со што упати во која насока ќе оди неговиот понтификат. Со тоа тој 76 годишен исусовец е прв папа од Латинска Америка кој стана поглавар на Католичката црква и со тоа пастир над 1,2 милијарди католици во светот.

„Божјото име е милосрдие,“ нагласува папата Фрањо, но милосрдието е и клучниот збор во неговиот понтификат, кој на 13 март 2017 година одбележува четири години. Милосрдието во геслото на Папата, на милосрдието го посвети својот прв Ангел Господов, но тоа е и една од најчестите зборови во утринските свети Литургии во домот Света Марта, а на Божјото милосрдие посвети и Вонредна света година.

Милосрдието се покажа во знакот на посебната грижа за бегалците и мигрантите. Папата Фрањо не престана да ја нагласува потреба за интеграција и заштита на сите бегалци и мигранти, а посебно децата кои се присилени да ја напуштат својата татковина. Потсетуваме дека папата Фрањо на 15 јануари 2017 година упати своја порака за 103. Светски ден на бегалците и мигрантите на тема „Мигрантите малолетници: ранливи и без глас.“ Повеќе пати Папата го даде гласот на оние кои не се слушаат, повикувајќи на помош бегалци кои бегаат од војните и насилството, поттикнувајќи градење на мостови. Неговата посета на грчкиот остров Лезбос на 16 април 2016 година имаше за цел „да донесе утеха на мноштвото бегалци.“

Папата упатува зборови против корупцијата и за предградието на Неапол Скампија: „Ако ја затвораме вратата за мигрантите, ако на луѓето им ја одземаме работата и достоинството, како се нарекува тоа? Се нарекува корупција! Се нарекува корупција и сите можеме да бидеме расипани… корупцијата смрди, како што смрди расипаното општество.“

Вонреден настан беше посетата на Шведска на 31 октомври и 1 ноември 2016 година. Тоа беше еден од важните моменти во 17. апостолско патување на папата Фрањо на кое појде по повод екуменската комеморација за 500 годишнина од лутеранската Реформа и за да се сретне со католичката заедница во таа земја. Грижата на Папата за единството на Црквата се покажа и во неговата изјава кога рече: „Светот од христијаните очекува заедничко сведоштво, католиците и лутераните заедно да го навестуваат Словото Божјо.“

Посебно треба да се издвои постсинодскиот апостолски поттик на „Amoris leatitia“. Апостолскиот поттик е донесен на 19 март кога црквата го слави празникот на свети Јосиф. Во поттикот се собрани резулататите од двете синоди за семејството кои ги прогласи папата Фрањо во 2014 и 2015 година. Документот изобилува со цитати од завршните извештаи за учењето на претхониците на папата Фрањо, како и голем број катехези за семејството на самиот папа Фрањо.

Гестовите на Папата се благост и нежност во прегратка на оние во потреба, тврдост и одлучност во осудувањето на злото.

Му посакуваме на папата Фрањо долг и солиден живот, полн со сила во неговите папски обврски и вдахновенија во силата на верата која на него ја излеа Светиот Дух!

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Колумни

За авторот