Молитвена накана на папата Фрањо за месец септември 2020

Молитвена накана на папата Фрањо за месец септември 2020

Папата Фрањо објави видео порака со молитвена накана за месец септември во кој повикува на почитување на природните богатства на планетата

Ги цедиме богатствата на планетата, ја цедиме земјата како да е портокал. Државите и бизнисите на глобалниот Север се збогатија експлоатирајќи ги приодните богатства на Југот и создавајќи „еколошки долг“. Кој ќе го плати тоа? А со тоа тој долг уште повеќе расте кога мултинационалните компании прават во странство она што никогаш не би им било дозволено да го работат во сопствената земја. Тоа е одвратно!

Денес, а не утре, денес мораме одговорно да се грижиме за создаденото. Да се помолиме приодните богатства на земјата да не бидат ограбени, туку праведно и со почитување поделени, повика Светиот Отец порачувајќи: „Не на ограбувањето, да на споделувањето“.

Светскиот ден на молитва за грижа на создаденото се одбележува на 1 септември, кога започнува и меѓународното одбележување на Времето на создаденото, кое трае до 4 октомври, празникот на свети Фрањо од Асизи. По тој повод папата Фрањо по завршувањето на молитвата Ангел Господов на 30 август потсети дека до 4 октомври ќе се слави „заедно со нашите браќа христијани од различни Цркви и традиции ‘Јубилејот на Земјата’ и ги поздрави сите иницијативи започнати во сите делови на светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот