Македонски Каритас во посета на Парохиските Каритаси

Македонски Каритас во посета на Парохиските Каритаси

Во периодот од 11 до 13 декември 2017 година директорот на Македонски Каритас дон Паво Шекерија, во придужба на Спасе Спасов, координатор на Каритас и богословот Војичек Влазло, ги посети парохиите, Парохиските Каритаси и манастирите на чесните сестри во Апостолскиот егзархат и Скопската бискупија.

Целта на посетата беше новоименуваниот директорот на Македонски Каритас да се запознае со парохиите, Парохиските Каритаси како и со заедниците на чесните сестри, нивните активности пред сè на каритативен план, како и идната соработка со централната каритативна установа на Католичката црква во Македонија – Македонски Каритас и да се слушне гласот на оние кои што се директно вклучени во пасторалните активности на терен.

Во исклучително пријатните и срдечни средби кои беа остварени, паросите го запознаа директорот со историјата на парохиите кои ги управуваат, моменталните пасторални активности и идни планирани делувања. Исклучително интересно да се слушне беа споделените искуства околу каритативните делувања на Парохиските Каритаси, нивните размислувања околу идните активности како и идната соработка со Македонски Каритас, а воедно и предизвиците со кои се соочуваат.

Исто така за време на својата посета во парохијата Гевгелија, директорот го посети центарот „Света Мајка Тереза“ за деца со посебни потреби во придружба на домашниот парох кој е одговорен за центарот. После разгледувањето на центарот директорот беше запознат со неговото делување, како и важноста на ваков тип на центар за регионот, кој се грижи за 34 деца. После центарот директорот го посети манастирот на сестрите Евхаристинки и беше запознат со историјата на нивниот најстар манастир, како и со неговото делување.

После посетата на Гевгелија директорот се упати кон југоисточна Македонија каде се наоѓаат повеќе парохии на Апостолскиот егзархат. Третиот ден директорот ги посети парохиите на Скопската бискупија, задржувајќи се добар дел во градот Скопје и после средбата со катедралниот парох, ги посети монашките заедници, па се запозна со делувањето на народните кујни за кои се грижат сестрите.

Директорот на Каритас, дон Паво Шекерија, за време на средбите истакна дека националниот Каритас е отворен за соработка со парохиите и парохиските Каритаси за доброто на нашите браќа и сестри во потреба, велејќи: „Со заеднички сили, сигурно можеме многу повеќе да направиме и придонесеме во заедниците во кои делуваме, за да се соочиме со предизвиците со кои се среќаваме“.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот