Конкретно да се поддржат земјите кои прифатија бегалци

Конкретно да се поддржат земјите кои прифатија бегалци

Надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН и при други меѓународни организации во Женева, упати апел до меѓународната заедница, итно и конкретно да се поддржат земјите кои ги оставија отворени границите и срцата за прифаќање на бегалците.

Надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при Организацијата на обединетите нации и при други меѓународни организации во Женева, упати апел до меѓународната заедница, итно и конкретно да се поддржат земјите кои ги оставија отворени границите и срцата за прифаќање на бегалците, давајќи великодушни одговори и покрај сопствените потешкотии. Без таа солидарност – рече надбискупот – би било невозможно да се загарантира она што го предвидува меѓународната конвенција за статусот на бегалците, а тоа е најголемо почитување на нивните основни права и слободи.

Надбискупот Јуркович, зборуваше на расправата за општото заземање за бегалците, одговорајќи на прашањето „Како да се поддржат земјите во прифаќањето на голем број бегалци на сигурен и достоинствен начин?“ Бидејќи Женевската конвенција од 1951 година јасно напоменува дека бегалците спаѓаат во општа одговорност – постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Организацијата на обединетите нации во Женева – ја потсети меѓународната заедница дека треба заеднички да се преземе на себе грижата за нив, распоредувајќи финансиски средства за развој на меѓународните институции, и водејќи посебно сметка за земјите кои примаат бегалци, за проекти кои им помагаат на бегалците, но и ја наградуваат великодушноста на локалните заедници и семејства. На крајот, тоа е вложување во човечкиот род и мирот, во интерес на општото добро – истакна на крајот надбискупот Јуркович.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот