Кардиналот Сарах останува на својата должност и со навршени 75 години од животот

Кардиналот Сарах останува на својата должност и со навршени 75 години од животот

Префектот на Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина кардиналот Роберт Сарах од Гвинеја кој во понеделникот на 15 јуни го прослави својот 75 роденден потврди на својот официјален профил на Твитер дека не заминува во пензија и дека ја продолжува својата работа во Ватикан, пренесе Catholic News Agency.

„Благодарам на сите за роденденските честитки. Го продолжувам својот пат со Христос. Со ова потврдувам дека ја продолжувам започнатата работа во рамките на Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина. Молете се постојано за Папата,“ напиша кардиналот Сарах на Твитер, додавајќи дека така одлучил по барање на папата Фрањо.

Имено, епископите се должни на Папата да му поднесат повлекување по навршени 75 години од животот. Кардиналот Сарах е именуван од страна на папата Фрањо на оваа должност на 23 ноември 2014 година, со што стана еден од неговите најблиски соработници. За кардинал е именуван од папата Бенедикт XVI во 2010 година. Значајно е што со своите 33 години станал најмладиот надбискуп на светот.

Пред оваа актуелна функција служеше во Ватикан како секретар на Конгрегацијата за евангелизација на народите за време на понтификатот на папата Иван Павле II, а беше и претседател на Папскиот совет Cor Unum, во времето на папата Бенедикт XVI.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот