Десетта постојка

Исус го соблекуваат

 Ти се поклонуваме, о Исусе и Те славиме! Бидејќи со својот крст го спаси светот!

Да погледнеме во Исус. Необична слика. Исус е гол. Кога Марија го роди во Витлеемската пештера, нежно со својот поглед го пови Бог, кој стана човек и почитувањето на неговото Овоплотување направи гест на љубов. Сега луѓето го раскинале тој поглед на Марија и го обесчестија Светото тело соблекувајќи од него токму тоа што таа му го даде и на што секој сиромав има право – долната облека. И не само тоа. Разголувањето на Богочовекот на Голгота е кршење на човечкото достоинство кој има право барем на овие најдлабоки човечки права како што е интегритетот и интимноста. Исуса го заболе тоа понижување. И како да погледна во далечната историја, и како уште повеќе да го заболе кога виде до крајот на времето сите нас кои толку пати ќе го обесчествуваме своето достоинство непочитувајќи ја интимноста на своето тело.

Семејството е светилиште. Бог на почетокот рече: Овие двајца ќе бидат едно тело. Телото е свето. Бог добро знае зошто го создаде така. Зошто на љубовта им е дарувана волшебна интимност и дар на користење? Бог не се збуни, туку човечката љубов ја посвети, па затоа со таа љубов треба да се постапува по Божјата волја. Човекот никогаш не може да биде средство на користење, ниту пак цел, туку е избран со душата, духот и телото да ја изградува Божјата слика во својот живот. Треба преку своето тело да овозможи душата да зрачи а духот да испраќа пораки на љубов. Цивилизацијата на смртта се раѓа во време кога тој редослед на Божјиот план не се почитува, а телото се понижува како средство, а тоа е дар. Кога љубовта станува себична, а со тоа и се издава. Кога повеќе не е дарување и збогатување .Човекот е убав, ако му е чисто окото и сликата за да ја види убавината. Но, по Божјиот план, тоа достоинство се почитива до таа мера што тој скапоцен  бисер „не се фрла пред свињите“. Исус сакаше да размислуваме за семејните случувања, да разговараме и да живееме внатре, а не однадвор. Тоа да биде светилиште, а не продавница. Изнесување на внатрешната динамика на семејниот живот пред било која јавност, па и таа најблиската секогаш е рана која ги ранува сите членови од семејството. Така настана многу добро познатата аксиома: да не се простира извалканата долна облека пред јавноста.

 Да се помолиме

Боже, кој толку чудесно го создаде човекот и го обнови во Исус Христос кој стана човек, дај ни такво почитување на своето достоинство, така што со духот, душата и телото достојно ја одржаваме Твојата слика. Преку Христос, нашиот Господ. Амин

Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..

Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.

За авторот