Во Сарај прославен празникот на Падре Пио

На 23 септември 2014 година во црквата Свети Великомаченик Димитриј и Свети Падре Пио во Сарај се служеше света Литургија во чест на Свети Падре Пио, созаштитник на филијалната црква. На Литургијата проповедаше о. протоереј ставрофор Георги Трајков, кој се осврна на животот, делата, чудата и побожноста на овој светец. На светата Литургија присуствуваа повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат, како и верници од Сарај и околните парохии. Парохот о. Ѓорги Појразов се заблагодари на присутните за нивното присуство и ги покани во црковниот двор на агапе и заедништво.

к.мк/о.Г.П.

Категорија: Македонија

За авторот