Во Калифорнија почина кардинал Дели

Папата Фрањо изрази сочувство по повод смртта на кардинал Емануел III Дели, поранешниот калдејски католички патријарх, кој на 9 април почина во Сан Диего, Калифорнија, во 87 година од животот. Во телеграмата која ја упати до патријархот Луис Рафаел I Сако, Светиот Отец го спомна големото заземање на кардинал Дели за промовирањето на искрени, праведни и мирољубиви односи со следбениците на различните религии. Папата, освен тоа, го истакна неговото големо посветување на сопствениот народ, и го подели својот апостолски благослов на сите кои ја оплакуваат смртта на тој – како што напиша – ценет пастир.

Кардинал Дели служеше повеќе од 60 години многу предано на Калдејската Црква, најпрво како свештеник, а потоа како епископ и патријарх – рече за агенцијата Фидес сегашниот калдејски патријарх Луис Рафаел I Сако. Проживеа многу тешки периоди, од оној кој следуваше после револуцијата 1958 година, па до војните од последните децении и прогонствата на христијаните после интервенцијата на Соединетите Американски Држави. Цело време остана верен на својата татковина и својот народ, не го напушти своето стадо, туку остана со своите верници молејќи со нив, помагајќи им и храбрејќи ги. Во тоа се гледа неговиот пастирски дух – истакна патријархот Сако.

Кардинал Дели е роден во Телкаиф, на 27 септември 1927 година. На Папскиот универзитет Урбанијана дипломира теологија, и магистрира фиолозофија, додека на Папскиот латерански универзитет дипломира канонско право. Во 1952 година во Рим е ракоположен за свештеник, а 1960 година се враќа во Багдад како секретар на патријархот. За епископ е хиротонисан во 1963 година и од таа година, како епископ, стана учесник на Вториот Ватикански собор, на кој пред тоа делуваше како стручњак.

Во декември 2003 година избран е за вавилонски патријарх, во време кога Ирак поминуваше страшни историски моменти, после воената интервенција која ја водеа САД, а која доведе со пад на режимот на Садам Хусеин. Политички сме ослободени од стариот режим, меѓутоа практично сме окупирани. А на народот, на било кој народ, тоа не му се допаѓа – изјави како новоизбран патријарх, во едно интервју во декември 2003 година.

РВ/С.С.

Категорија: Свет

За авторот