Во април Папата ќе ја посети Малта

Во април Папата ќе ја посети Малта

Папата Фрањо на почетокот на април годинава ќе отпатува во дводневна апостолска посета на Малта, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Прес-службата на Светиот Престол објави соопштение во кое се наведува: Прифаќајќи ја поканата на претседателот на Малта, граѓанските власти и Католичката црква на земјата, папата Фрањо ќе ја посети Малта од 2 до 3 април 2022 година и ќе ги посети градовите Валета, Рабат, Флоријан и островот Гозо.

Програмата и дополнителни информации за патувањето ќе бидат објавени наскоро.

Папата Фрањо првично требаше да ја посети Малта на 31 мај 2020 година, но патувањето беше одложено поради пандемијата Ковид-19. Објавувајќи ја веста за одложувањето на патувањето, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, на 23 март 2020 година рече дека патувањето, кога ќе се реализира, ќе опфати посета на Гозо, еден од 21 остров што го сочинуваат Малтешкиот архипелаг.

Мото на апостолската посета ќе биде „Ни укажаа необична човекољубивост“ (Дела 28,2); има за цел да ја истакне тешката ситуација на мигрантите кои го преминуваат Медитеранот кон Европа и да биде извор на поттик за нова евангелизација во таа островска држава. Мотото е преземено од Делата на Светите Апостоли, од извештајот за бродоломот на Свети Павле на островот Малта. Двајцата претходници на папата Фрањо ја посетија Малта: папата Иван Павле II ја посети земјата во 1990 и 2001 година, а папата Бенедикт XVI ја посети во 2010 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот