Свети Падре Пио – светец кој ни укажува дека треба да молиме

Свети Падре Пио – светец кој ни укажува дека треба да молиме

Падре Пио, понизен сведок Христов кој живееше во послушност, го понуди своето страдање за откупување на злото од 20. век.

„Животот и мисијата на Падре Пио сведочат дека потешкотиите и маките, доколку се прифатени со љубов, се претвораат во еден привилегиран пат кон светоста, кој ги отвора преспективите за едно уште поголемо добро, познато само за Господ“. Ова го рече папата Иван Павле II, на 16 јуни 2002 година на плоштадот Свети Петар, кога Падре Пио беше прогласен за светец.

Во сенка на Крстот

„Не е можеби токму „пофалбата од заслугата на Крстот“ тоа што најмногу сјае во Падре Пио“ – рекол папата Војтила. „Колку актуелна е духовноста на Крстот живеена од понизниот капуцин од Пиетрелчина! Нашето време има потреба да ја открие вредноста за да би го отворило срцето за надежта. Во Божјиот план, Крстот е вистинското средство за спасение за целото човештво и експлицитен пат предложен од Господ на оние кои сакаат да го следат“. За време на земскиот живот на Падре Пио „Крстот не е една епизода, тука тој  е неговиот став на живот, затоа што целиот живот го проживеал во сенката на крстот“. Исто така и кардиналот Хозе Саравија Мартинс, префект на Конгрегацијата за прогласување Светци објасни дека „Падре Пио знаел и повторувал дека болката како таква е едно зло, не е пожелна, не е во согласност на човечката природа, која инстиктивно е спротивна на среќата“; но неговата мисија била да ги предложи ‘теолошките и натприродните мотиви’ на страданието. Крстот тесно е поврзана со молитвата.“ Затоа, враќајќи се на зборовите на Иван Павле II од денот на канонизацијата, ‘крајната причина од апостолската ефикасност на Падре Пио, длабокиот корен од предуховната плодност, се наоѓа во ова интимно и постојано единство со Бога, поминати долги часови во молитва.

Честопати знаел да повторува: „Јас сум само еден сиромав монах кој моли“, убеден дека „молитата е најдоброто оружје кое го поседуваме, таа е клуч кој го отвора Срцето на Бога“.

Идентификација со Христос

Која друга цел имала претешката аскеза на која бил подложен Падре Пио уште од неговата прва младост, ако не прогресивната идентификација со Исус? „Кој одел во Свети Џовани Ротондо да присуствува на светата Миса која ја служел Падре Пио, за да побара од него совет или да се исповеда, гледале во него една жива слика од страдалниот и воскреснат Христос. На неговото лице зрачела светлината на воскресението.

Неговото тело, обележано со стигми, ја покажувало интимната поврзаност помеѓу смртта и воскресението, која ја карактеризира пасхалната мистерија“ – се зборови на папата Иван Павле II на денот на неговата беатификација. Падре Пио преку стигмите имал посебен интензитет на Страдање, преку кое имал дофат на особени дарови, а тие му овозможувале да живее едно постојано искуство од Господовите страдања.

Ревност за душите и братска добротворна љубов

Всушност „не помалку болни, а можеби и уште повеќе интензивни, биле искушенијата кои тој морал да ги поднесува како последица на неговите поединечни харизми. Во историјата на светоста понекогаш се случува дека, преку некое особено Божјо допуштување, избраниот станува предмет на недоразбирање. Но за Падре Пио послушноста станала пресуден момент на очистување, пат на прогресивната сличност со Христос, заживување на автентичната светост.“ Страданието кое го трпел и го прифтил се претворало во апостолат на простување (поминувал цели денови во исповедалницата) и во гестови на великодушна љубов кон браќата. Папта Војтила уште беше рекол: „Неговата љубов се разлевала како мелем врз слабостите и страданијата на браќата. На тој начин Падре Пио во ревноста за душите го обедини вниманието за човечката болка, станувајќи промотор во Свети Џовани Ротондо за еден болнички комплекс, од него наречен Дом за Олеснување на Страданието. Тој сакал болницата да биде од прв ред, но пред сѐ се грижел во неа да се практикува една навистина човечна медицина, во која пациентот би бил најсрдечно прифатен и кон него би биле најтопло љубезни“. Падре Пио бил свесен дека „болниот нема потреба само од една примена на тераписки средства, туку исто така и пред сѐ од една човечна и духовна атмосфера која му овозможува да се пронајде самиот себе во средба со Божјата љубов и братската нежност“.

Со Домот за Олеснување на Страданијата светиот капуцин сакал да покаже дека «обичните чуда» од Бога минуваат преку нашата добротворна љубов. Како? Ставајќи се на располагање во великодушно служење на браќата, и искористувајќи го секој ресурс од техниката и медицинската наука“ – истакнува папата Иван Павле II. (…)

Папабојс/З.А

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот