Света Тереза Бенедикта од Крстот (Едит Штајн)

Едит Штајн е родена на 12 октомври 1891 година, како најмала од 11 деца на еврејско семејство во Германија. На 15 години ја отфрла традиционалната вера на своите родители и го прифаќа атеистичкиот поглед на светот. Била посебно паметна и сакала да учи, но и покрај својот атеизам се восхитувала на својата мајка која била примерен верник.

Студира Психологија, Филозофија, Германистика и Историја во Гетинген и Бреслав (Вроцлав). Од 1915 година е волонтерка во една болница од Првата светска војна, 1916 година докторира на универзитетот во Фрајбург.

Автобиографијата на света Тереза Авилска ја поттикнува да направи голем пресврт во својот живот и да почуствува дека Бог ја повикува. Се преобраќа на христијанство и 1922 година се крсти во Католичката црква.

Одлучува да ја напушти својата работа и започнала да предава во училиште за девојки на Доминиканците. За време на својата работа во ова училиште на германски јазик  го преведува делото на свети Тома Аквински, За вистината. После ова станува предавач на институтот за педагодија во Минстер, меѓутоа нацистичките закони ја присилуваат да си даде оставка.

Во писмото кое го напишала на папата Пио XI вели дека го отфрла нацистичкиот режим и го замолува да се запре ваквата злоупотреба со Христовото име. Не е познато дали Папата воопшто го добил ова писмо, но по некое време е објавена енциклика во која Папата го критикува нацизмот и го осуди антисемитизмот.

Во манастирот  на Босоногите камелитки во Келн пристапува во 1933 година и го зема името Тереза Бенедикта од Крстот. За да ја избегне нацистичката закана заминува во Холандија, меѓутоа ниту таму не била сигурна. Во 1942 година доаѓа наредба сите Евреи кое се преобратиле на христијанство и кои до тогаш биле поштедени да се уапсат и да се затворат. Тереза Бенедикта од Крстот е депортирана во логорот Аушвиц и таму е убиена во гасна комора на 9 август 1942 година.

Света Тереза Бенедитка од Крстот, позната како Едит Штајн е прогласена за света во 1988 година од папата Иван Павле II.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот