Папата Бенедикт XVI за семејствата

Во последните денови од понтификатот на папата Бенедикт XVI многу семејства се собраа на плоштадот Свети Петар, сакаа да му се заблагодарат на Светиот Отец за сè што направи за нив во текот на понитфикатот. Навистина, во текот на понтификатот папата Бенедикт ХVI често говореше за првенствената улога на семејството во општеството, барајќи закони и заштита на бракот помеѓу мажот и жената. Единствено семејната љубов може да го пробрази светот – секогаш тврдеше папата Бенедикт XVI.

Семејството е патот на Црквата, протагонист на новата евангелизација, важен темел на цивилизацијата, а наспроти тоа денес најмногу е изложено на напади – предупредуваше Бенедикт ХVI потикнувајќи ги политичарите и одговорните да му посветат повеќе внимание на семејството. Невозможно е да се остане рамнодушен пред нападите на таа основна клетка на општеството, во прв ред во Европа, каде што најмногу се шират „лажни идеологии“ за љубовта и секуларизацијата чија што цел е Бог да се отргне од животот на луѓето и разбивање на семејното јадро, заклучи Папата. Должни сме да се спротиставиме на таквиот менталитет – рече Папата додавајќи: како во минатото така и денес затајувањето на Бога, ширењето на идеологии против семејствата и нарушување на половата етика изгледаат меѓусобно поврзани. А како што постои врска помеѓу затајувањето на Бога и криза во семејството, исто така неоделива е новата евангелизација од христијанските семејства – тврди Светиот Отец.

Христијанските семејства, мали куќни цркви – објасни Папата – итно се повикани на нов протагонизам во општеството, да бидат субјект на евангелизацијата како би ја покажале љубовта во светот и Христовата присутност, поаѓајќи од потврдата на човечкиот живот од зачнување до природната смрт, до заедничкото самодарување на брачниот пар, од великодушното и одговорно раѓање до воспитувањето на децата, од граѓанско завземање до работа. Затоа Папата бара политика која ќе го усогласи односот семејство-работа, посебно во поглед на жената. Потребно е навистина да се поткрепи мајчинството, исто така да се осигура можност на вработените жени за семејство и работа. Имено тие често се ставани пред неизбежен избор за едното или другото – тврди Бенедикт ХVI.

Непомирливоста меѓу тие две рамки доведува до тоа детото често да се смета за проблем, а не за дар, тврди Папата, мислејќи на земјите во кои сè повеќе се озаконуваат нови облици на семејства и родителства и додава: Одбраната на семејството втемелени на бракот помеѓу мажот и жената, не е заостанато мислење, туку пророчко зашто го проникнува човекот створен според Божја слика и прилика. Да се залагаш за семејство и брак – додаде Папата – значи да се залагаш за човекот, најдрагоценото Божје створение.

А всушност семејството, востановено на бракот помеѓу мажот и жената, е најголемата помош која може да им се даде на децата. Тие ја сакаат љубовта на таткото и мајката кои се сакаат, сакаат да живеат, растат заедно со двата родители, зашто ликот на мајката и таткото се надополнуваат во воспитувањето на децата, како и во изградување на нивната личност и идентитет. Значи важно е да се направи сè за да можат да растат во сложно и цврсто семејство – истакна Бенедикт ХVI. Единствено семејната љубов може вистински да го преобрази светот – забележа Папата додавајќи дека не е лесно да се изгради сигурно семејство, што потврдуваат многубројните разводи. Сакам да им кажам на верниците кои, иако ја прифаќаат црквената наука за семејството, го носат товарот од болното искуство на несупешен брак и раздвојувања. Да знаете дека во вашите маки Папата и Црквата ве крепат. Ве поттикнувам да останете соединети, а епархиите да направат соодветни чекори за да ги прифатат и им бидат блиски. Каде можат родителите да научат трајна љубов, великодушна и верна, многу важна за развојот на детето и благосостојба на општеството? Во училиштето на Светото Семејство од Назарет, објаснува папата Бенедикт ХVI. Во тоа училиште семејствата стануваат мали молитвени училишта, ги обликуваат идните граѓани да бидат одговорни и чесни. А сепак – забележа Папата – во оваа долга економска криза, иднината за новите генерации е сосема непозната. Итно да се направи сè што е можно, иако не е лесно, да се креираат политики за вработување, кои можат да гарантираат вработување и достоинствена егзистенција, а тоа е важен услов за основање на ново семејство. А благодарејќи на семејствата многу држави и одолеаа на кризата, а Папата ги охрабрува тие држави да го покажат човечкото лице кое е својствено на економијата. Во семејството најнапред се учи исправно однесување во општеството, во работниот свет, во економијата, и во претпријатитето треба да поттикнува на милосрдие, солидарност и одговорност еден кон друг.

За да може да се спротистави на продорниот индвидуалистички менталитет – смета Папата – треба повторно да се цени улогата на дедовците и бабите. Тие не се терет на новите генерации туку богатство на кое не смее да им биде скратено. Дедовците и бабите нека бидат жива присутност во семејството, во Црквата и општеството. Во семејството нека бидат сведоци на единството и вредностите кои се втемелени во верноста и едниствената љубов од која се раѓа верата и радоста на животот – потикна Бенедикт ХVI.

Да се штити семејството, да се избегнува неговото раслојување, значи на неговите членови да им се обезбеди простор и време за средба. Затоа Папата на повеќе од милион луѓе во паркот Бресо во Милано, по повод Светската средба на семејства во јуни минатата година, им упати апел, неделата да остане неработен ден.

Неделата е ден на семејството, кога заедно се живеее смислата на празникот, средбата, делбата, исто така заедничкото учествување на неделната Света Литургија. Драги семејства, бидејќи нашето време е преокупирано, не губете чувство за Денот Господов. Тој е како Оаза во која треба да се застане и доживее радоста на средбата и напои нашата жед за Бога – потикна Папата. Исто така на средбата со семејсвта во Милано Папата говореше за своето семејство, во која имало доверба и била слика на Божјата Љубов.

Тоа се незаборавни моменти… бевме едно срце и една душа… и во тешки времиња, зашто беше војна, најпрво диктатура, потоа сиромаштво. Но таа меѓусебна љубов и радоста поради едностави работи ни овозможи да ги носиме и поднесуваме војните и после војните сиромаштијата. Ми се чини многу важно тоа што мали работи не развеселуваа… зашто сфаќавме дека Божјата добрина се одржува во родителите и браќата. А да бидам искрен, кога се обидувам да го доловам Рајот, тогаш размислувам за својата младост, за своето детство… Во таа смисла се надевам дека ќе одам дома кога ќе тргнам на другиот свет – рече Бенедикт ХVI.

Извор: РВ

Превел: С.Мит.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<