Отец Ломбарди ja објасни природата и стилот на утринските свети Литургии на Папата

Ватикан, 01.6.2013 /к.мк/ – Големиот интерес предизвикан од проповедите на папата Фрањо за време на литургиите, кои ги служи секое утро во капелата на домот Санта Марта во Ватикан, го поставува прашањето за можноста директно да се учествува во неа, а не преку синтеза на Радио Ватикан или Осерваторе Романо. На ова прашање одговара преку соопштение директорот на Ватиканскиот прес центар отец Федерико Ломбарди.

„Прашањето е разбирливо и неколкупати било предмет на длабоко размислување и затоа заслужува јасен одговор, вели отец Ломбарди. Пред сè треба да се има предвид значењето што го дава Светиот Отец на утринска света Литургија во капелата на домот Света Марта. На неа присуствуваат обично група од околу 50 луѓе, но Папата настојува да се задржи духот на блискост. Затоа, покрај наведените барања, Папата јасно изрази желба оваа света Литургија да не биде емитувана преку директна видео или аудио врска“.

Проповедите не се реализираат врз основа на претходно напишан текст, туку се спонтани, и се на италијански јазик, јазик кој Папата го владее многу добро, иако не му е мајчин јазик. „Целокупната публикација“ бара транскрипција и уредување на текстот на различни места, бидејќи писмената форма е различна од говорната, а во овој случај оригиналната форма е намерно избрана од Светиот Отец. Потребна е нова редакција од самиот Папа, но резултатот би бил „нешто друго“, што не е намерата на Светиот Отец при утринската света Литургија.

По внимателна анализа беше констатирано дека за најдобар начин и поширок пристап до богатството на проповедите на Папата, е потребно да не се менува природа на проповедите и така да се објавува широка синтеза која би ги содржела оригиналните фрази во наводници, кои го рефлектираат автентичниот дух на изразите. Таквите напори вложува Осерваторе Романо, додека Радио Ватикан, врз основа на својата карактеристична природа, нуди кратка синтеза, пренесува аудио исечоци на некои автентични фрази, а Ватиканскиот Телевизиски Центар подготвува видео со проповедта на Папата, а превземено со аудио извадоци објавени од страна на Радио Ватикан.

Треба да се истакне фактот дека во целокупната дејност на Папата треба да се има предвид разликата помеѓу различните ситуации и литургиските прослави, како и различното ниво на посветеност во неговите зборови. Така на пример, при директен телевизиски пренос наЛитургиите или јавните славења на Папата, проповедите и неговите зборови се напишани и објавени во целост. При неформални и приватни случаи е потребно да се почитува специфичниот карактер на ситуацијата, спонтаноста и течноста во изразите на Светиот Отец.

Затоа – заклучува Отец Ломбарди – избраното решение ја почитува пред се желбата на Папата и природата на утринската света Литургија, но истовремено овозможува на пошироката јавност да има пристап до главните пораки на Светиот Отец кон верниците и во овие околности“. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*