Жртвата на мачениците е знак дека ширењето на верата е прегратка на културата, народите и религијата

Жртвата на мачениците е знак дека ширењето на верата е прегратка на културата, народите и религијата

Според податоците на агенцијата Фидес во 2020 година убиени се 20 мисионери. На нив е посветен Ден на молитва и пост во спомен на мисионерите маченици кои се поклопува со литургискиот споменден на светиот Оскар Арнулф Ромеро, надбискуп на Сан Салвадор, кој е убиен во 1980 година додека служел света Литургија.

„Испреплетени животи“ беше овогодинешната тема за 29. Ден на молитва и пост во спомен на мисионерите маченици кој секоја година се слави на 24 март. Избраниот датум има посебна важност затоа што на тој ден се слави литургискиот спомен на светиот Оскар Ромеро надбискуп на Сан Салвадор, кој е убиен на 24 март 1980 година додека служел света Литургија. Овогодинешната тема ја избра здружението Мисио Џовани оделот за млади на фондацијата Мисио – пасторално тело на Италијанската бискупска конференција за поддршка и промовирање на мисионерски дејности.

Мисионерот го испреплетува својот живот со Христос и од тука започнува да ткае нови братства со народите и со луѓето со кои се среќава во својата мисија во служба на навестување на Евангелието – истакнато е во соопштението објавено по тој повод, тоа е избор во Христово име, кој може да доведе до дарување на себе на Крстот. По повод Денот на молитва и пост одржан е вебинар на тема „Испреплетени животи во Етиопија,“ за тешкото послание во таа африканска земја, обележана со конфликти, сиромаштво и во последните година дена и со болеста Ковид-19.

Освен тоа традиционалниот проект на солидарност организиран заедно со Денот на молитва и пост е поврзан исто така со Етиопија. Станува збор за уредување на компјутерска лабараторија за млади од Апостолската префектура на градот Роб и започнување на курсеви за технологијата која на учесниците ќе им го олесни пристапот до универзитетските студии и пазарот на труд.

Мисионерите маченици се горчлива страница во животот на Црквата. Во текот на 2020 година во светот се убиени 20 мисионери: 8 свештеници, 1 монах, 3 монахињи, 2 семинаристи и 6 лаици верници – објави агенцијата Фидес.

Драматичниот рекорд оваа година е забележан во Америка каде се убиени 8 мисионери. Во последните 20 години, од 2000 до 2020 година во светот се убиени 535 пасторални работници, вклучувајќи 5 епископи.

Жртвата на мачениците е опиплив знак дека ширењето на верата не е крстоносна војна, туку прегратка на културата, народите и религиите, целосна лична расположеност за слушање и меѓусебна размена, помош на оној кој е во потреба – објасни Џовани Рока национален секретар на здружението Мисио и додаде: Но кога во таа динамика ќе влеза омразата, маченикот се појавува во историјата. Мачеништвото in odium fidei (од омраза кон верата) всушност е крајна последица на вистинската човечка и опиплива вера.

Освен тоа, животите на мисионерите маченици не се обележани со „херојски дела“, туку со гестови исполнети со надеж во секојдневниот живот – истакна Рока. Сето тоа на денешниот човек му зборува за секогаш возвратената верност на Бог, љубовта која е способна да ја победи темнината и да помине низ смртта. Наследството на мисионерите маченици е повик за повторно откривање на убавината на овој свет. Секое созданија имено е неизмерен Божји храм на земјата кој може да се прифати, слуша и да ги зацели раните. Да влезеш во него значи да го рабереш неговото богатство и да станете негови чувари – заврши секретарот на здружението Мисио Џовани.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот