Ампаро Медина, поранешна револуционерка и службеничка во ОН: Моја работна задача беше да ја уништам верата на католиците

Се започна кога полицијата ја ранила за време на немирните протести. Откако се разбудила во болницата одлучила радикално да го промени сопствениот живот. Направила преобраќање за 180 степени, ја остава на страна својата политичка сервилност и грешниот живот и се посветила на барање на вистинското добро за жените и децата.

 Дедо католик

Родена е во обично еквадорско семејство. Верата им се состоела главно во одење на неделна Литургија. Исклучок бил нејзиниот дедо кој живеел автентичен христијански живот. Додека Ампаро веќе била во адолесценскиот период и на пат кон атеизмот, во една прилика дедо и рекол нешто што никогаш нема да го заборави. Кога влезеле во една црква и пред иконата на Богородица и рекол: „Погледни ја во очи. Таа е е единствена која ќе те спаси и која ќе те донесе до верата.“ На тоа и останало. После тоа нејзиниот живот може да се опише како слободно паѓање. Била исфрлена од гимназија затоа што извршила физички напад на чесна сестра.

 Револуција и левичарка

Тоа беа 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога Ампаро ја нашла општествената понуда надвор од Црквата, а тоа била: марксистичката теологија на ослободување, феминистичкото движење и движењето за правото на абортус, Че Гевара, движење за еманципација на Индијанците, репрудоктивни права на жената, промовирање на контрацепциски средства и абортус.

 Во Шпанија станува уште порадикална

Бидејќи политичката ситуација во Еквадор се комплицирала, татко и ја праќа во Шпанија на студии по социјална педагогија. Таму ја добива универзитетската диплома, но и политички се радикализира стапувајќи во контакт со револционерни, атеистички и антицрковни движења.

Со враќањето во Еквадор нејзината феминистичка и левичарска визија совршено се поклопила со политика на ООН во Латинска Америка. Благодарејќи на тоа и на своето образование презема одговорност за спроведување на програмата УНФПА за Еквадор која на располагање има милион долари за спроведување, а која се противи на наталитетот, т.е. која се спроведува во корист на абортусот и контрацепцијата.

 Опис на работата: „уништување на верата на католиците“

„Комунистичките и социјалистичките групи знаат дека Католичката црква е единствена институција која може да ги скрши нивни лаги“, објасни Ампаро за интернационалната католичка телевизија ЕВТН па продолжи: „За да дискредитираш, прво бараш аргументи со кои можеш да ја уништиш слабата вера на католикот. Ги следиш вестите или го истражуваш животот на свештеник кој не го живее својот живот во милоста Божја. Тоа го разгласуваш и го објавуваш во медиумите. Тоа што треба да го премолчиш е дека 60% од каритативните дела во Еквадор се во раката на Црквата“.

 Да и наштетиш на Црквата

Голем проблем за свештениците е нивната осаменост, па затоа баравме напуштени свештеници и и зборувавме дека ако Бог постои зошто дозволува да има сиромаштво. Еден начин на револуција. Здружете се со нас и ние ќе ви помогнеме. Имаше свештеници кои ќе попуштеа мислејќи дека така ќе имаат група која ќе им помага, подржува, која ќе биде со нив. Понекогаш на свештениците и чесните сестри им дававме пари за обнова и подобрување на нивниот образовен центар, но со услов да ни дозволат во училиштата да поучуваме за „сексуално и репродуктивно здравје“.

Уште подалеку од Бог

Кај Ампаро се исполнила Честертонова мисла која гласи: „Кога се напушта верата во Бог, веднаш почнува да се верува во било што“. Иако „потопена“ во атеизмот, барала било каков зрак на духовност во пророкување на карти, јога… Наведува: „Бидејќи животот е посветен на идеите на денешницата, левицата, грешниот живот не може да се ослободи од последиците на гревот. Тоа е духовна смрт. Тоа е како мал сојуз со сатаната која не пропушта да ти наплати.

Некој тогаш ми препорача внатрешно прочистување. Имав сопствени мантри која би ги превела како јас да припаѓам на Сатаната. Мантрите ги направив во САД каде што дури и децата ги одведов кај шаман кој беше Учител на Универзална Религија.“

Иако Бог не е далеку…

Во една прилика во една христијанска заедница Ампаро го предизвикувала Бог така што нападнала една госпоѓа која се молела држејќи икона од Богородица. Избезумена почнала да ја навредува нарекувајќи ја луда. Завршило така што и ја грабнала и искинала иконата на Богородица која кутрата жена ја држела во раце. Наскоро по тој настан се ближеше следниот чекор за нејзино преобаќање.

 Ранета со полициски куршум

Учествувала во секаков вид на антивладини протести и конфликти, често мобилизирајќи го месното население и потикнувајќи да доаѓаат наоружени со копја. На еден од таквите протести полицијата против протестантите користела боева муниција каде што еден куршум завршил во телото на Ампаро. После тоа единствено што се сеќава било присуството на сопругот со децата и една сестра, но и од друга страна необјаснив мир. „ Не се плашев да умрам“, вели Ампаро и додава: „Се околу мене беше радост, задоволство, мир…“ Низ се што слушнала било глас што пее.

„Тогаш видов чудни очи. Видов љубов. Беа тоа очите на Богородица. Иконата на Богородица. Ја видов како петнаесетгодишна облечена во бело.“

Додека крвареше единствено што чуствував беше мир, радост… Тогаш Богородица рече: „Мила моја, јас те сакам.“ Ме замоли да напуштам се што до сега сум следела и да почнам да го следам нејзиниот Син. Исто таа зад Богородица забележала еден стар господин. Тоа бил нејзиниот дедо.

Дури и сопругот помислил дека полудела

Кога се разбудила се му раскажала на својот сопруг Хавиер. Помислил дека полудела и тоа не без причина, сепак до тогаш таа била уверена атеистка, противкатолички милитант…

Веднаш ја однеле на испитување кај њуејџ (new age) „учител, психолог и експерт“ кои почнале ја уверуваат дека тоа е искуство и е само плод на халуцинација и последица од ранувањето.. „ Сепак никој не можеше да ме увери дека тоа не беше од Бог“.

 Исповед

„Прво што ми беше потребно беше свештеник. Имав потреба за исповед. Го молев Бог да не умрам и да не одам во пеколот. Ги исповедав сите гревови. Беше застрашувачко.“

Беше нов дел од животот и требаше да се тргне од почеток и се да се направи добро.. „Првата работа која ја направив беше да научам да го сакам Исус, да ги сакам свештениците, да ја љубам Црквата, Светите Тајни.“ Ампаро се чуствувала извалкано и во исто време повикана на нова револуција: „Единствено што го менува светот е Бог. Јас не сум достојна. Таква е големата љубов Божја…“

 Преобраќањето на сопругот

Ампаро молела и го повикувала нејзиниот сопруг да се преобрати. Со текот на времето, Хавиер, револционер исто како неа, почнал да го менува својот живот. Искуството на одрекување на дотогашните животни уверувања мора да биде драматично само по себе. Ампаро појаснува: „Сопругот ја прифати верата во Бог и Дева Марија, но не и Светите Тајни. За среќа Бог ни испрати на патот еден свет свештеник. На крајот се исповеда. Таа исповед траеше повеќе од два часа. По излегувањето од исповедалницата чуствувал како од себе да симнал товар тежок 100 килограми.

 Сега е потребно да се разоткријат лагите на ОН

Преобраќањето многу често е долготрајно и во многу етапи. Ампаро била на пат, но сеуште не се откажала целосно од гревот, бидејќи платата од ОН била потреба за покривање на семјните трошоци.

Работите започнале кога една пријателка и побарала информации за пилули за ден подоцна за чиј увоз и дистрибуција во Еквадор била одговорна Ампаро како претставник на ООН. ООН во таа земја увезила преку 400.000 дози од тоа абортутивно средство. Ампаро сведочи за големиот бизнис кој се врши: „ОН од Њујорк продаваат на UNFPA од Еквадор дози по 0.25 долари, а ние го препродававме од 9 до 14 долари.

Активистки за правата на неродените деца го тужеа ООН и тој спор го добиле. Во пресудата беше напишано дека ООН мора да признае дека тоа не се контрацепциски средства туку средства за абортус кои служат кога контрацептивните средства ќе „задоцнат“. Кога на суд носевме некоја информација еден новинар ми постави прашање кое сум до доживеала како Бог да ме прашува- Дали си со нас или со сататаната? Новинарот ме праша кое е моето мислење за пилулите за ден подоцна. Секако, јас и понатаму работев за ООН и бев должна да ја подржувам организацијата која промовира абортус. Во тој момент сфатив дека морам да ја кажам вистината и да престанам да се лажам самата себе. Не би било конзинстентно да бидам католик, а сепак, заради парите, и понатаму да подржувам организација која оди против моите вредности. Секако, ја кажав вистината и ООН ми даде отказ.“

 Што се наоѓа зад ООН?

Зад ООН проекти , зад убавите зборови кои се користат кога се зборува на ТВ за репродуктивно здравје, во стварноста се наоѓа промовирање на абортус и контрацептивните средства. Тоа им е еднствена цел во Латинска Америка.

Во разговор за Католичката телевизија ЕВТН Ампаро тврди дека во книгата „Тело, тапани и белези“ (автор Заида Бетанкурт и Марика Елена Алварез, издание ООН) промовираат секс меѓу деца на возраст од десет години. Во таа книга исто така се тврди како родителите не би требало да бидат информирани за сексуалното образование на своите деца, дека училиштата треба на учениците да им дистрибуира контрацепсиски средства без знаење и согласност на родителите, и доколку наставник или лекар ги извести родителите дека нивните деца користат контрацептивни средства, таквите наставници и лекари треба да добијат отказ заради кршење на професионалната дискреција која треба да биде меѓу нив и децата кои користат такви средства.

Ампаро и многу други пријавуваат работи во кои ништо не се пропушта на случајност: потикнување на сексуални односи меѓу деца и адолесценти продавајќи им презервативи. Кога тие не успеваат веднаш, им се понудува пилула за ден подоцна или абортус. Бидејќи зад абортусот остануваат човечки остатоци, тие се користат за експерментирање или од нив се извлекува некои делови кои потоа се користат за креми, шампони итн. Комплетен бизнис.

Преземено: Битно нет

Категорија: Сведоштва

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*