Ако не си подготвен да трпиш за луѓето за кои велиш дека ги сакаш, треба да ја разбудиш таа љубов и да работиш на усовршување на својата љубов кон нив.
„Трпението не може да се испробува на некој друг начин, туку со трпение, а трпението е соединето со љубовта.“ (Мал разговор со Бога, Света Катерина Сиенска)
Во суштина, љубовта не може да се испроба без трпение или трпење (страдање), но во денешниот свет лесно е да се побрка значењето на љубовта. Било кој телевизиска програма или филм ќе покаже дека љубовта се само ружи и пеперутки, еднаш кога два лика ќе се заљубат и на крај доаѓа среќниот крај.
Она што честопати го забораваме (ставајќи го на страна фактот дека ТВ програмите и филмовите се направени со намера да нѐ восхитат) е тоа дека тие никогаш не ни покажуваат што се случува после „живееја среќно до крајот на животот“, така што и не размислуваме за тоа. Излегуваме од киното со несовршена слика за она што значи вистинска љубов и одлучуваме да веруваме дека, еднаш кога мажот и жената заедно и взаемно си ветуваат вечна љубов ќе имаат совршена врска без никакви проблеми оттогаш па понатаму.
Реченицата на света Катерина Сиенска нѐ учи каква е вистинската љубов: „Трпението не може да се испроба на некој друг начин, туку преку трпење (страдање), а трпението е соединето со љубовта“.
Пред сѐ, трпението е соединето со љубовта, неразделни се. И нема друг начин на проба за трпение освен со трпење „(страдање)“, тоа укажува дека љубовта бара трпение, тоа е затоа што љубовта е потполно дарување на самиот себе.
Сакаш да љубиш? Ако твојот одговор е да (и очекувам дека е), тогаш ќе мораш да се предадеш самиот себе. Тоа бара посветеност, жртва, трпение, да, и страдање. Поради љубовта ќе страдаш за доброто на другиот, да љубиш значи да заборавиш на себе и да го ставиш другиот на прво место. Секако, здравата љубов ги повикува и двајцата на иста цел, за кои треба да се борат. Посветувањето е вистинската љубов.
Кога секој пар кој доаѓа пред олтарот на денот на своето венчание е добро подготвен и направил подготовка на своето срце и душа за потполно да се предаде на другиот, се опкладувам дека процентот на разводи на големо би паднал. Но, тоа е она што го ветуваме на Бог пред олтарот, а таквата љубов бара трпение, трепение со самите себе и трпение со другите.
Ако сега веќе си оженет, потруди се константно да работиш на остварувањето на здравото посветувње еден на друг. Секако, тоа би требало да се набљудува од контекст на една врска која е уредена здраво и точно, ако постојат други замешани фактори како што се злоупотреба или малтретирање, побарај совет и водач, и сакај ја другата личност од далеку, додека добива професионална помош.
Ако уште не си оженет, но си свршен, започни да молиш за својот иден брак да биде осветлен во вистината и запрашај се одам ли на олтарот по сопствена волја или нешто/некој ме присилува да се венчам? Дали си подготвен потполно да се предадеш до крајот на својот живот? Бракот бара голема посветеност која бара посебна милост, која е пролиена на младенците во светата Тајна Женидба преку моќта на Светиот Дух.
Ова би можело на некои да им изгледа застрашувачко, но кога размислуваш моли за тоа, ти се открива големината и достоинствената љубов. Не, љубовта не се само ружи и пеперутки, но постои една богата сласт во таквата љубов која ти дозволува да се откажеш од себе, и да се предадеш на другиот.
Погледни го сопствениот живот, личноста поради која си подготвен да трпиш, тоа се личностите кои највеќе ги сакаш. Еден пример за ова е кога некој вели „подготвен сум животот да го положам за својата мајка (или својот татко)“, „напорно ќе работам без оглед колку и да сум уморен за да можам да ѝ помогнам на својата мајка“ тоа е затоа што си подготвен да трпиш и да се потрудиш на многу високо ново поради оние кои многу ги сакаш. Тоа, во поголем процент може да се случи со личноста со која ќе се соединиш во светата Тајна Женидба затоа што ветувате дека ќе бидете едно тело до крајот на животот, тоа дури и е многу повеќе од едно семејство, тоа е дел од тебе.
Ако не си подготвен да трпиш за личноста за која велиш дека ја сакаш, треба да ја пробудш таа љубов и да работиш на подобрување на својата љубов кон нејзе. Треба трпение, треба страдање, но, плодовите ќе бидат најголемата и најубава награда. Само тогаш ќе ја пронајдеш големината и сладоста на вистинската љубов.
Млади католици/к.мк