Јосиф со страв го очекува раѓањето Божјо

Јосиф со страв го очекува раѓањето Божјо

Но, прости ми, Боже, што те прашувам: зошто сето ова мене ми се случува? Што и да замислам, оди поинаку. Сѐ е спротивно на моите планови, моите надежи,… и не само покрај, туку баш против!

Само да знаете, јас сум Јосиф, дрводелец, и не ми е многу до приказни. Всушност, не тргнав да разговарам со вас, туку само на глас разговарам со Бог! А разговарам од мака. Ниту сум голем говорник, ниту пак зборовите ми се силна страна. Некогаш ми доаѓа да замолчам, да не проговорам, туку само на парчето даска да цртам, изрежам, да ги изделкам сите прашања, и своите патувања во Јудеја и Галилеја, Декаполис и Пиреја… сите барања на работата и грижите кои постојано ме придружуваат, па еве ниту сега не престануваат.

Да, во моментот се грижам, бидејќи дојде заповед Кза попис. Велат: секој мора за пописот на населението да оди во својот град. аде што е роден. А јас сум роден оддалеку, таму на југот, од Витлеем, таму, малку пониско од Ерусалим. Всушност, се научив на патување, само што заповедта вели дека таму мора да појде целото семејство. Вистина, семејството ми е мало, само јас и жена ми, Марија. Би било добро значи да тргнеме кон Витлеем. Но, токму тоа ме загрижува, што Марија е бремена, само што не се породила. Па како ќе издржи толкав пат? Уште па и сега, во зима. Ноќта е ладна, а ниту денот не е нешто потопол. Сега уште ни треба да задува и некој силен северен ветер, и еве ти мака, наместо мир.

Честопати ми се мота околу главата прашањето: зошто сево ова? Каква смисла има сето ова? Тогаш, со тоа, почнуваат да се појавуваат прашањата: Може ли воопшто Марија да издржи толкав пат? Ако, не дај Боже, се разболи, што ќе правиме тогаш? Или што ако ѝ дојде времето да роди – токму на патот. Најверојатно ќе издржи до Витлеем! Но, што ако тоа биде во Витлеем? Каде ќе се засолниме, сместиме? Ако тргнам на пат, ми се чини дека се втурнувам во некоја неволја во која не го гледам крајот!

Да, јас сум од Витлеем и таму имам роднини, но тие мои роднини… подобро да не ги спомнувам. Оддамна се откажаа од мене, ниту делот од татко ми не го добив. Добро да ми го оставија и ова малку алат за дрводелство, да можам да заработувам за лебот насушен. Моите роднини би биле најсреќни да не ме видат… така е кога остануваш без најблиските. Тие само малку би те познавале само ако имаат корист од тебе и ништо друго… Добро, можеби би се нашол некој со малку поголемо срце, но сега е најлошото време. Сега има многу странци, и тоа е за нив можност нешто да заработат, па што ќе се занимава со мене и Марија, и со нашите грижи. Бидејќи, секако, не можеме да им платиме.

А гостилница? Е, мака ми е кога на неа и ќе помислам. Знаеш какви се овие наши гостилници и какви сѐ луѓе има таму…и таму да ја одведам Марија? Добро, ако нема друг излез, ќе побарам гостилница. Но, застани малку, со што ќе платам? Како кога одвај собрав пари и за оваа среќно магаре? Убаво е и добро е оваа магаре, ќе ни послужи. Ќе натовариме се она што го имаме и можеме да го земеме тоа за по патот, на патот Божји!

Уште една мака. Со кој ќе одиме, кому ќе му се придружиме? Има секакви луѓе и треба да се знае да се изберат сопатниците. А тоа не е секогаш и така лесно! Но, како и да е, треба да се подготвиме, да се помолиме и да тргнеме. Единствено нешто што ме развеселува е тоа што ќе бидеме близу до Ерусалим. Ќе настојувам секако да поминеме во Ерусалим, во тој свет град и во храмот.

Но, прости ми, Боже, што те прашувам: зошто сето ова мене ми се случува? Што и да замислам, оди поинаку. Сѐ е спротивно на моите планови, на моите надежи, сѐ е спротивно… и не само покрај, туку баш против! Како постојано да ми се наместува едно по друго, сѐ полошо? Верувај ми, не е тоа лесно да се издржи! Знам, се сеќавам и добро помнам, ангелот ми рече „Не плаши се!“ А како да не се плашам? И што навистина значи тоа, да не се плашам? Значи ли тоа дека сето тоа ти Боже го водиш? Дури и тогаш кога на мене ми се причинува дека се оди наопаку? Кога гледам дека лошите човечки одлуки се нарушени?

Дали тоа „не плаши се“, Боже мој, е твој повик на вера? Но верата не ги брише маките ниту прашањата. Марија се потпира на мене, а јас се чувствувам толку слаб и немоќен. И како тогаш и ова дете да се потпре на мене? Можеби така мора да биде, ако Ти тоа си ми го доверил… Прости ми, Боже, овие грижи кои не ми даваат да спијам… и помогни ми, зато што сакам да ти останам верен на Твојата волја –  каде и да ме одведе. И те молам за уште нешто: подари ми широко рамо на него да можат да се потпрат и Марија и Детето… Тоа те молам – за искрена вера и широко рамо. Амин.

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот