По предлот на Координативното тело за Синодата, а како плод на Синодалниот óд 2021-2023 и советувањата одржани во парохиите во Македонија со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов е формирана работна група за пасторална грижа на верниците, кои живеат надвор од земјата. Членови на ова тело се именувани свештениците о. Тони Ангелов, о. Ристо Самарџиски и о. м-р Ванчо Назов.
Една од првите активности на ова тело одговорно за пасторална грижа на верниците во дијаспората е создавање фејсбук група наменета исклучиво за верниците кои живеат надвор од Македонија и ќе го носи името „Верници во дијаспора“. Групата е формирана за зајакнување на врските помеѓу верниците од дијаспората со Црквата во Македонија и заживување на пасторалното делување во дијаспората, преку организирање на активности од духовен карактер во државите во кои верниците привремено или постојано живеат и работат и да се одговори на духовните потреби на верниците во странство.
Сите верници кои живеат надвор од Македонија се добредојдени и се повикани да се зачленат во оваа фејсбук група, која има за цел далечината да не биде пречка за растење во верата и традицијата на нашите татковци и зачувување на своите корени.
За активности на работна група за пасторална грижа на верниците во дијаспората заинтересираните ќе можат да се информираат преку порталот Католици.мк и Радио Марија (може да се слуша во живо на www.radiomarija.mk), како и со објави во фејсбук групата „Верници во дијаспора“.
к.мк