Црквата од Македонија дел од молитвената иницијатива „Милион деца молат Света Бројаница“

Црквата од Македонија дел од молитвената иницијатива „Милион деца молат Света Бројаница“

На 18 октомври 2021 година пред статуата на Пресвета Богородица во дворот на црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, а со благослов на Н.В.П. монс. Киро Стојанов, повеќе од 60 деца молеа Света Бројаница во рамки на меѓународната молитвена иницијатива „Милион деца молат Света Бројаница“, во која учествуваат деца од 137 земји во светот.

Покрај деца од оваа парохија учествуваа и деца од парохиите: Успение на Пресвета Богородица – Струмица, Свети Пророк Илија – Радово, Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала, Свети Кирил и Методиј – Богданци, Свети Кирил и Методиј – Петралници, Свети Димитриј/Свети Ѓорги – Сарај/Чанаклија, предводени од нивните пароси и чесни сестри.

Со запелни свеќи во рацете децата од различни парохии ја предводеа Светата Бројаница, апомеѓу секоја десетка се пееше песната Здраво царице на мирот…

Оваа молитвена средба на деца заврши со дружење и заедништво во дворот на Црквата, а од настанот директно пренесуваше Радио Марија на фрекцвенцијата во Струмица и на интернет страната www.radiomarija.mk.

Организатор на средбата е Радио Марија и католичките парохии во Македонија.

Кампањата за Бројаница со деца е започната во 2005 година во Караказ – главниот град на Венецуела. Додека неколку деца молеле Бројаница во светилиштето покрај улицата, некои од присутните луѓе се потсетиле токму на зборовите на свети Падре Пио: Кога милион деца заедно ќе молат Бројаница, светот ќе се промени!“ Така оваа молитвена иницијатива брзо се раширила по целиот свет. Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ (Aid to the Church in Need – ACN; Kirche in Not) ја поддржува од 2008 година, а организацијата на светската кампања ја преземаа пред три години.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот