Надбискупот Гарсија изјави дека овие идеи се страни на кубанската култура и произлегуваат од културниот империјализам на моќните земји кои го користат ефектот на глобализацијата за да создадат единствена култура која ги прифаќа и усвојува своите критериуми додека истовремено ги дисквалификува критериумите на другите.
Католичката Црква на Куба ја повика јавноста на отфрлање на планот за легализација на истополовите бракови кој е предложен во промените на уставот, опишувајќи го „како идеолошки колонијализам наметнат од страна на богатите држави.“ Надбискупот на Сантијаго де Куба, Дионисио Гарсија им порача на Кубанците дека не треба да го „игнорираат дарот на природата“ заради страв од ужасните последици.
Епископската конференција на своите верници им испрати порака во која ги повикува на „барање на други правни начини за заштита на хомосексуалните заедници,“ пренесува Rappler. „Овој аргумент не може да се користи за промена на дефиницијата за институцијата со природно потекло, како што е бракот,“ стои во пораката.
Кампањата за промена на уставот каде што бракот во иднина би требало да биде дефиниран како заедница на двајца луѓе, а не на маж и жена, ја предводи Мариела Кастро, ќерка на поранешниот кубански претседател Раул Кастро.
Надбискупот Гарсија изјави дека овие идеи се страни на кубанската култура и произлегуваат од културниот империјализам на моќните земји кои го користат ефектот на глобализацијата за да создадат единствена култура која ги прифаќа и усвојува своите критериуми додека истовремено ги дисквалификува критериумите на другите.
Инаку неодамна група на пет протестански заедници исто така објави соопштение во кое тврди дека бракот претставува исклучиво заедница помеѓу мажот и жената.
Промените од новиот устав кој би требало да го измени оној од 1976 година веќе добија поддршка од парламентот. Во земјата во тек е јавна расправа, додека референдум за новите уставни промени треба да се одржи на 24 февруари 2019 година. Меѓутоа Католичката Црква се надева дека од оние уставни промени кои се однесуваат на истополовите бракови, ќе се откаже пред референдумот.
Битно.нет/к.мк