Царице небесна: Светиот Дух го преобразува нашето срце и го отвора за вистината и љубовта
За да им помогне на учениците да одат по тој пат, Исус им ветува дека ќе го помоли Отецот да испрати „друг Бранител’, односно Утешителот, кој ќе го земе неговото место, и ќе им даде разберат за да слушаат и храброст да ги извршуваат неговите зборови – рече Папата Фрањо во недела 17 мај 2020 година, пред молитвата Царице небесна.
Евангелието за денешната недела ни принесува две важни пораки: извршување на заповедите и ветувањето на Светиот Дух – рече папата Фрањо пред молитвата Царице небесна од библиотеката во Апостолската палата. Исус ја поврзува љубовта кон себе со извршувањето на заповедите и тоа го истакнува во својот проштален говор – рече Папата и цитираше: Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби“.
Исус бара од нас да го љубиме, но објаснува дека таа љубов не завршува само да се посакува или некое чувство – рече Светиот Отец и истакна: Не, тој бара да бидеме подготвени да го следиме неговиот пат, односно волјата на Отецот. А таа е содржана во заповедта на взаемна љубов, која самиот Исус ни ја даде. „Како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.“ Не вели: Љубете ме мене, како што јас вас ве љубам, туку љубете се еден со друг, како што јас ве возљубив. Тој нè љуби, не бара возвраќање и сака таа негова бесплатна љубов меѓу нас да стане конкретен облик на живот. Тоа е неговата волја.
За да им помогне на учениците да одат по тој пат, Исус ветува дека ќе го помоли Отецот да го испрати „другиот Бранител“, односно Утешителот кој ќе го земе неговото место, за да им даде да разберат да слушаат и храброст да ги извршуваат неговите зборови – рече папата Фрањо и напомена: Тоа е Светиот Дух, дар на Божјата љубов, кој слегува во срцето на христијанинот. Откако Исус умре и воскресна, неговата љубов се дарува на оние кои веруваат во него и кои се крстени во име на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Светиот Дух ги води, просветлува и зајакнува, како би можел секој во животот да оди низ неволјите и тешкотиите, радостите и тагите, останувајќи на Исусовиот пат – рече Папата и додаде: Тоа е возможно ако го слушаме Светиот Дух, како би можел со неговото делотворно присуство не само да нè утешува, туку и да го преобрази нашето срце, да го отвори за вистината и љубовта. Соочени со искуството на грешки и гревови, кои сите ние ги правиме, Светиот Дух ни помага да не подлегнеме, и ни дава да сфатиме и во потполност да ја живееме смислата на Исусовите зборови: Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди.
Заповедите не ни се дадено како некакво огледало во кое може да се види нашата беда и недоследност – рече Светиот Отец и истакна: Не, Божјото Слово ни е дадено како Слово на живот кое преобразува, обновува, не суди за да осуди, туку за да лекува и целта е да прости. Тоа е Слово кое е светло на нашите чекори. А сето тоа е дело на Светиот Дух! Тој е дар Божји и самиот Бог, кој ни помага да бидеме слободни луѓе кои сакаат и знаат да љубат, кои сфатиле дека животот е послание како би ги навестувале чудата кои Бог ги извршува кај оние кои му веруваат.
Дева Марија, модел на Црквата нека ни помогне, која знаела Божјото Слово да го слуша и дарот на Светиот Дух да го прифати, нека ни помогне да ја живееме радоста на Евангелието, свесни дека нè поддржува Светиот Дух, божествениот оган кој ги грее срцата и ги осветлува нашите чекори – рече ма крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк