Да не се спротивставуваме на Светиот Дух, туку да го прифатиме Божјото слово во покорност: Тоа е поттикот на Светиот Отец, на утринската света Литургија, во вторник 9 мај Домот на света Марта, во Ватикан. Добротата, мирот и владеењето над самиот себе, се плод за оној кој го прифаќа Словото, кој го познава и кој е близок со него. Папата денешната света Литургија ја прикажа за чесните сестри, кои служат во Домот на света Марта, а кои оваа утро го одбележуваат денот на својата основателка, света Луиза ди Марилак.
„Минатите денови говоревме за спротивставувањето кон Светиот Дух, поради што Стефан ги прекоруваше книжниците; денес читањата ни говорат за сосема спротивно однесување, за однесувањето кое е својствено за христијанинот, а тоа е послушноста кон Светиот Дух“. Папата објасни како после мачеништвото на Стефан, во Ерусалим започнало големо прогонство па во него останале само апостолите, додека верниците лаици – забележува Папата – се раштркале по Кипар, Феникија и Антиохија. Словото до тогаш се навестувало само на Јудејците.
Некои од нив во Антиохија, започнуваат Словото да го навестуваат и на Грците кои се пагани, бидејќи чувствувале дека Духот на тоа ги поттикнува: беа послушни. Лаиците беа оние кои го пренесуваа Словото, после прогонството, бидејќи беа послушни на Светиот Дух. Апостол Јаков во првото поглавје на своето послание, поттикнува Словото да се прифати „во послушност“. Треба да бидеме значи отворени, а не тврди – објасни папата Фрањо.
Прв чекор на патот на послушноста е да се прифати Словото, што значи: да се отвори срцето. Второ е „познавање на словото; односно, познавање на Исус кој вели: „Моите овци го слушаат Мојот глас и јас ги познавам; и тие одат по мене“. Го познаваат бидејќи се послушни на Светиот Дух – објасни Папата. Потоа тука е и третиот чекор: близината со Божјото Слово. Секогаш Божјото Слово да се има покрај себе; да се чита, да му се отвори срцето; да се отвори срцето на Светиот Дух Кој прави Божјото Слово да го разбереме – поттикна Светиот Отец.
Тоа е плод на ова примање на Словото, познавање на Словото – рече папата Фрањо – тоа е став на личноста: љубезност, добрина, радост, мир, самоконтрола или владеење над самиот себе. Тоа е стил кој произлегува од послушноста кон Светиот Дух – рече Папата па продолжи – треба да го примам Светиот Дух кој ме води во разбирање на Божјото Слово, со послушноста, тоа е послушност; не спротивставувањето на Духот, ме доведува до овој начин на живот, до овој начин на постапување.
Да се прими Словото во послушност, да се познава и да се бара тогаш милост од Духот да можам да го навестувам, а потоа да се даде место и време тоа семе да никне и да расте во оние ставови на љубезност, кроткост, добрина, мир, милосрдие и владеење над самиот себе: тоа е она што го прави христијанскиот животен стил – рече Светиот Отец.
Кога веста дека по Кипар и Киринеја, па и на паганите во Антиохија им се навестува Словото, стигнала до Ерусалим, некои се уплашиле па го испратиле таму Варнава, прашувајќи се – вели Папата – „како тоа Словото да се навестува на необрезаните и како тоа да не го навестуваат апостолите, туку „оние кои не ги познаваме“?! Убаво било – вели папата Фрањо – кога Варнава стигнал во Антиохија и на дело ја видел Божјата милост; кога се израдувал и ги поттикнал да бидат со одлучни срца и верни на Господ, бидејќи беше човек исполнет со Светиот Дух – рече Папата.
Светиот Дух нè води да не погрешиме, да Го прифатиме во послушност, да Го препознаеме во Словото и по него да живееме. Тоа е спротивно на спротивставувањето кое го укорило Стефан кај главарите и книжниците – рече Папата. „Дали се спротивставуваме на Духот; му пружиме ли отпор; или го прифаќаме во послушност?“ – запраша Светиот Отец па заклучи како таквото однесување (послушност, добрина, кроткост…) станало својствено на заедницата во Антиохија, каде учениците и по прв пат се наречени христијани.
неотуѓивите права, кои не смеат да се кршат, ниту пак да се игнорираат.
РВ/к.мк