На 10 април, во Загреб започна 56-тата пленарна седница на Хрватската епископска конференција, која ќе траеше до 12-ти април.
На работните сесии, покрај деветнаесетте епископи, членови на конференцијата заедно со кардиналот на Загреб, Јосип Бозаниќ, учествуваат и апостолскиот нунциј во земјата монс. Џузепе Пинто и делегати на Епископските конференции од Балканот: од Босна и Херцеговина, монс. Томо Вукшиќ, од Словенија архиепископот на Љубљана, Станислав Зоре и епископот на Суботица, монс. Иван Пенцес, како претставник на Меѓународната епископска конференција „Св. Кирил и Методиј,“ која ги вклучува земјите од поранешна Југославија.
„Како хрватски епископи, посветени на учителската власт на Црквата, не можеме да ја прифатиме Истанбулската конвенција и нејзините толкувања“, рече претседателот на хрватските бискупи, монс. Желимир Пулиќ, надбискуп на Задар, во својот воведен говор. Во моментов, во Хрватска се спроведува силна дебата за документот на Советот на Европа што го дели хрватското општество и кој оваа недела треба да биде ратификуван од парламентот. Според монс. Пулиќ Конвенцијата го отвора патот кон „родовата теорија“, што подразбира ново толкување на дефинициите за маж и жена чии природни разлики се објаснети како плод на општествениот контекст.“
За време на пленарна сесија хрватските епископи ќе ги проучат и трите документи: „Радоста да ви е полна“, текст плод на консултациите меѓу хрватските богослови и верниците за помош во новата евангелизација; „Placuit Deo“, писмото на Конгрегацијата за доктрината на верата, кое ги објаснува „современите лоши толкувања за христијанското спасение“ и „Ratio nationalis“ за формирањето на хрватските свештеници, кој е подготвен врз основа на насоките на Конгрегацијата за свештенството „Ratio fundamentali.“ Освен тоа епископите ќе разговараат и за Третата национална средба на хрватските семејства, предвидена за 15 и 16 септември во Сплит и посетата ad Limina на хрватските епископи кај папата Фрањо од 12 до 17 ноември.
РВ/к.мк