Хиротонисан монс. Стипиќ

Хиротонисан монс. Стипиќ

Епископското ракополагање (хиротонија) на новиот крижевски владика монс. Милан Стипиќ е одржано во сабота 17 октомври 2020 година на просторот покрај катедрала „Пресвета Троица“ во Крижевци.

Главен епископ на ракополагање беше монс. Никола Кекиќ,крижевски владика во мирување, а останатите двајца ракополагатели се загребскиот надбискуп и митрополит, кардинал Јосип Бозаниќ и апостолскиот нунциј во Хрватска надбискупот Џорџо Лингва.

На свеченоста учество зеде и монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, како и претседателот на Хрватската бискупска конференција, монс. Желимир Пуљиќ, надбискупи и бискупи од Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, како и источно католички епископи од Украина, Унгарија и Австрија, претставник на Конгрегацијата за Источни цркви, како и бројни свештеници од источен и западен обред.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот