Многумина посакуваа нашиот Господ да остане на земјата, да можат да го слушат Неговиот глас, да ги гледат неговите сочувствителни очи и да ги носат нашите деца да бидат благословувани од Неговите раце. Но Тој рече: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам“.
Ако нашиот Господ беше останал на земјата, би бил само еден пример за да се копира, а не „Живот“ за да се живее. Враќајќи се кај својот небесен Отец, Тој тогаш можеше и од Отецот и од себе да го испрати Светиот Дух кој направи да живее на земјата во неговото ново тело, а тоа е Црквата. Човечкото тело е составено од милиони клетки, но сепак е само едно затоа што е оживеано од една душа, претседавано од една видлива глава и управувано од еден невидлив ум.
Така, на Педесетницата, Апостолите, кои беа како клeтки на едно тело, станаа Мистично Тело Христово, бидејќи беа оживеани од Светиот Дух, управувани од само една видлива глава, Петар, предводени од само една невидлива глава, Христос на небото. Нашата славна Црква не е една организација, туку еден организам. Како што некогаш Нашиот Господ мислеше, управуваше и осветуваше преку едно човечко тело, кое Го зема од утробата на Неговата блажена Мајка, така сега Тој поучува, управува и осветува преку неговото Мистично Тело, Црквата, кој го зеде од утробата на човештвото осенета од Неговиот Свети Дух.
Христос беше непогрешлив кога зборуваше преку човечко тело; сѐ уште е непогрешив кога поучува преку мистично Тело. Христос осветуваше кога ги простуваше гревовите со човечки усни; Тој сѐ уште осветува кога ги простува гревовите преку моќта на Неговите свештеници. Христос управуваше преку Неговото човечко тело, и сѐ уште управува: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша“. Како што една капка крв може да живее во телото, но капката крв не може да живее надвор од телото, така никој од нас не може да ја живее полнотата на Христовиот Живот освен во Неговото Мистично Тело, кое е Црквата.
Фултон Шин/З.А.