На поттик на папата Фрањо е основан фонд за мисионерските подрачја кои се најтешко погодени од пандемијата. Светиот Отец го даде почетниот прилог во износ од 750.000 долари. Заедницата на верници во целиот свет можат да придонесат за таа иницијатива преку Папските мисиски дела.
На поттик на папата Фрањо е основан фонд за мисионерските подрачја кои се најтешко погодени од пандемијата. Иако жариштето на заразата е во западните земји, сè поголем е бројот на заболени на континентите на Јужната хемисфера, посебно во Латинска Америка, но и во Африка. Станува збор за подрачја кои во еден дел припаѓаат на мисиите на Католичката Црква, во кои недостатокот од средства во комбинација со ширењето на заразата на коранавирусот може да доведе до многу тешка ситуација. Светиот Отец затоа одлучи да основа фонд во склоп на Папските мисиски дела, со почетен прилог во износ од 750.000 американски долари.
Црквата на првата линија
Светиот Отец ја повикува целата обемна мрежа на Црквата да се соочи со предизвиците кои стојат пред неа – изјави за Агенцијата Фидес, кардиналот Луис Антонио Тагле префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите и изрази благодарност до Папата за таа иницијатива. Во својата задача за навестување на Евангелието, Црквата често е на првата линија во борбата против главните закани на човечкото достоинство – рече кардиналот и објасни: Само во Африка има повеќе од 74.000 монаси и монахињи и повеќе од 46.000 свештеници кои се грижат за 7.274 здравствени институции, 2.366 домови за стари лица и за ранливи категории и се грижат за повеќе од 19.000 милиони деца во 45.088 основни училишта. Во многу рурални подрачја тие се единствените кои пружат здравствена заштита и образование.
Покажете ја љубовта на Бог Отецот
Папата сака црковните тела кои можат и сакаат да помогнат со допринос во тој фонд по пат на Папските мисиски дела кои во секоја земја се официјалниот канал за поддршка на Светиот Отец за повеќе од 1110 бискупии, посебно во Азија, Африка, Океанија и дел од Амазонија. Според мислењето на претседателот на Папските мисиски дела, надбискупот Дал Тоса благодарение на таа мрежа е можно да се покаже дека во оваа криза никој не е сам. Институциите и службениците во Црквата имаат витална улога. Тоа е намерата на Светиот Отец при основањето на тој фонд. Доколку толку мноштво луѓе страда, да мислиме и да дојдеме до оние кои можеби немаат никој за нив да се погрижи, покажувајќи ја така љубовта на Бог Отецот – рече надбискупот Дал Тосо, а пренесе агенцијата Фидес.
Ватикан њуз/к.мк