Вечерта во четврток 6 јуни 2024 година се одржа третата средба од серијата настани „Училиште за молитва“, посветена на годината на молитвата, која е подготовка за јубилејот 2025 година. Папата Фрањо ги посети жителите на една станбена зграда во една од периферните парохии на градот.
Продолжуваат активностите во рамките на „Училиште за молитва“ со папата Фрањо, иницијатива на Дикастеријата за евангелизација, организирана по повод годината на молитва, прогласена како дел од подготовките за Светата 2025 година. По средбата со децата во април и со младите во мај, вечерта на 6 јуни 2024 година, папата Фрањо ја посети парохијата Света Бригита од Шведска, која се наоѓа во западното предградие на Рим, каде се сретна со семејства.
Овој пат местото за средба не беше сала за катехизацја или друга парохиска просторија, туку мал простор во дворот на една станбена зграда, во близина на гаражите. Некои од учесниците пристигнаа во последен момент, во домашна облека, како што тоа го направи една жителка која набрзина го напуштила својот стан додека ја средувала косата. Во средината – стол за Папата, а пред него – триесетина семејства, особено парови со деца, вклучувајќи бебиња, млади луѓе, парохијани кои живеат во близина на црквата Света Бригита, баби и дедовци, група млади од парохијата, група жени мигрантки од Сенегал. Накратко, разновиден собир на луѓе.
Да го заштитиме семејството
Светиот Отец зборуваше за важноста да се зашти семејството и одговараше на прашањата на учесниците на средбата. Да го заштитиме семејството, кое е кислород за воспитување на децата“, нагласи Папата. Недоразбирања има и во семејствата. Ако родителите се караат, тоа е во ред, но нека се помират до крајот на денот, бидејќи студената војна следниот ден е страшна“. На претставниците на младите кои го прашаа Светиот Отец како да ја зајакнат својата вера, тој одговори дека „единствениот начин е да сведочиме“. „Вие сте одговорни за да ја придвижите историјата напред“, нагласи Папата. Една од карактеристики на младите е тоа што потфрлуваат. Сите паѓаме во животот, но важно е да не останеме да лежиме на земја ако паднеме“.
Црквата е заедница
Стана збор и за Црквата како заедница на луѓе, а не само на верски објекти, кои се многу помалку на овој простор отколку во другите делови на градот. Една жена признала дека била трогната што го видела Папата „пред ѕид од тули што не бил покриен“, бидејќи „тоа придонесе да се чувствува како дел од нивната заедница“. „Црквата почнува да се создава во заедницата“, рече Папата и додаде: „Парохија во која не се слушаат децата и се исклучуваат постарите не е вистинска христијанска заедница. Не заборавајте дека постарите се сеќавање, а децата ветување“.
Образование преку дијалог
Двајца татковци го прашале Папата како да ја зачуваат верата во овие тешки времиња и како да ги воспитуваат своите деца во светлина на верата. „Првиот совет е љубовта меѓу родителите“, одговори Светиот Отец, објаснувајќи дека децата треба да имаат можност „да почувствуваат дека мама и тато се сакаат“. „Ако треба да се карате, не правете го тоа пред децата“, советува Петровиот наследник. Ја нагласи и важноста на дијалогот со сопствените деца. „Никогаш не престанувајте да разговарате со нив. Образованието се случува преку дијалог, никогаш не ги оставајте сами. Нека разберат дека можат да разговараат со вас за сѐ“, поттикна Светиот Отец.
Пред да си замине, Папата на учесниците на средбата им подари бројаници, а на сите жители на зградата икона на Богородица со детето Исус, која ќе биде закачена во влезот во спомен на оваа посебна катехеза.
Ватикан нуз/к.мк