Меѓународниот фонд на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) предупреди изминатите денови на исклучително лош квалитет на воздух во земјите на Jужна Азија
Хенриета Форе, директор на УНИЦЕФ објави соопштение во кое предупредува дека децата во тој дел на светот стрaдаат заради страшните последици на загадувањето. Освен тоа истакна дека заради смогот тешко е да се видат зградите, дрвјата и луѓето, затоа во текот на денот порано се затвораат училиштата и канцелариите. Тоа има неизбежни социјални и економски последици и со експоненцијални зголемување на здравствените трошоци заради разни заболување дополнително го зголемува државниот буџет.
Директорката на УНИЦЕФ рече дека околу 620 милиони деца кои живеат на спомнатите подрачја, најмногу страдaаt заради последиците од ефектите на загадувањето. Објаснување на тоа се наоѓа во фактот дека децата имаат помали бели дробови и дишат двојно побрзо отколку возрасните, како и во фактите дека нивниот имuнолошки систем уште не е во целост развиен.
Смогот како резултат на акумулација на производите од согорувањето од возилата и од индустриските и станбени објекти е поврзан со респираторни заболувања и оштетување на мозочното ткиво кај деца. Загадувањето на воздухот му се заканува и на конгнетивниот развој на децата, а според некои податоци адолесцентите, изложени на големо ниво на загадување имаат поголема веројатност на разни ментални пореметувања.
УНИЦЕФ повика на преземање на итни мерки за да им се овозможи на децата вдишување на квалитетен воздух, на пример вложување во чисти и обновливи извори на енергија кои би ги замениле фосилните горива. Исто така поттикна да не се зголемува цената на јавниот превоз кој помалку загадува, да се зголемат зелените површини во урбаните подрачја; да се променат земјоделските практики и да се обезбедат сигурни можности за одложување на отпадот за да се спречи изгорување на штетните хемикалии на отворено.
Ватикан њуз/к.мк