Турскиот суд ја одложи одлуката за пренамена на Аја Софија во џамија

Турскиот суд ја одложи одлуката за пренамена на Аја Софија во џамија

Највисокиот турски суд требаше на 2 јули да донесе одлука за пренамена на Аја Софија во џамија, но одлуката е одложена.

По сослушувањето од 17 минути највисокиот турски сид одреди одлуката да ја донесе во наредните 15 дена. Процесот за пренамена на Аја Софија , изворно христијанска базилика од 5 век, која моментално се користи како музеј, е покренат од неколку исламски здруженија, а се подржани од турскиот претседател Ердоган.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 1 јули предупреди дека секоја промена на статусот на Аја Софија ќе ја намели нејзината способност да служи на човештвото како многу потребен мост помеѓу различните верски традиции и култури.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј го потенцира својот став дека Аја Софија треба да остане музеј, а не да биде џамија. Тој истакна дека „како музеј, Света Софија има можност да биде место и симбол на средби, дијалог и мирен соживот на народите и културите, на меѓусебно разбирање и солидарност на христијанството и исламот, што се особено неопходни и корисни за современиот свет“.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот