Треба да бидеме внимателни на погрешната употреба на биотехнологијата – истакна Папата зборувајќи на членови на италијанскиот Национален одбор за биолошка безбедност, биотехнологија и науката за животот.
Треба да бидеме внимателни на погрешната употреба на биотехнологијата; треба да биде во служба на достоинствениот живот за сите луѓе, и треба да постои хармонија помеѓу научните, економските и етичките инстанци – предупреди и посака папата Фрањо, примајќи во понеделник на 10 април 2017 година околу 30 членови на италијанскиот Национален одбор за биолошка безбедност, биотехнологија и науката за животот. Основан пред 25 години при Претседателството на своетот на министри, одброт има задача да ја поддржува владата во прифаќањето на научните, економските и општетсвените насоки на тие подрачја.
Човекот е повикан да ја негува и чува градината на светот, како што стои во Книгата Битие. Во говорот до членовите на спомнатиот одбор, папата Фрањо пред сè потсети на начелото на одговорност кое е суштинска основа за делувањето на човекот кој за своите дела ќе одговара и пред Бог. Вашата задача не е само промовирање на хармоничен и интегрален развој на научните и технолошките истражувања кои се однесуваат на биолошките процеси на животот на билките, животните и луѓето; од вас исто така се бара да ги предвидите и да ги спречите негативните последици кои можат да ги предизвика погрешната употреба на спознанијата и способноста за манипулирање со животот – истакна Светиот Отец.
Опасноста од погрешна употреба на технолошката моќ
Научникот затоа е повикан да донесува одговорни одлуки за чекорите кои треба да се преземат, како и за оние пред кои треба да се застане и да се појде по друг пат – рече Папата. Технологијата уште повеќе и од науката во човечките раце става голема и секој ден сѐ поголема моќ. Голем е ризикот граѓаните, а понекогаш и оние кои ги претставуваат и водат да не ја забележат во целост сериозноста на предизвиците, повеќеслојноста на проблемот, и опасноста лошо да се употреби моќта која науката и технологијата ги ставаат во нашите раце.
Внимание за поврзување на технолошката и економската моќ
Освен тоа кога врската помеѓу технолошката и економската моќ стане цврста, тогаш можат интересите да условуваат начини на живот, и тоа во насока на профит на одредени индустриски и трговски групи, а на штета на сиромашниот народ – предупреди Папата. Напротив за да се постигне хармоничен систем на научни, производни, етички и политички институции, и да се промовира одржлив развој кој го почитува заедничкиот дом, потребна е отвореност за соочување со различните ставови, со сигурноста дека сведоштвото кое вистината и општото добро го даваат на луѓето придонесува за созревање на граѓанската свест.
Технологијата треба да биде во служба на достоинствениот живот за сите луѓе
На крајот од својот говор папата Фрањо потсети дека науката и технологијата се наменети за човекот и светот, а не човекот и светот за науката и технологијата. Тие треба да бидат во служба на достоинствен и здрав живот за сите луѓе, сега и во иднина, и треба да го направат нашиот заеднички дом подобар за живеење и посолидарн, поуреден и заштитен – рече Папата и на крајот го поттикна одборот да ја поддржи согласноста меѓу научниците, претприемачите и претставниците на институциите со цел да се сензиблира јавното мислење за прашањата кои пред нас ги става развојот на биотехнологијата.
РВ/к.мк