Телеграма со сочувство од Папата по повод смртта на кардинал Туран

Телеграма со сочувство од Папата по повод смртта на кардинал Туран

Човек со длабока вера, кој посебно е почитуван поради односот на доверба и почитување што го воспостави со муслиманскиот свет

Вчера, 5 јули 2018 година во 75 година од животот, во Соединетите Американски Држави, каде што се наоѓаше на лекување, почина кардинал Жан Луиз Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог и камерленго на Светата римска Црква. На 13 март 2013 година тој беше кардиналот кој го објави изборот на папата Фрањо од централната ложа на ватиканската базилика.

Тој беше човек со длабока вера, кој посебно беше почитуван поради односот на доверба и почит кој го воспостави со мулсиманскиот свет – истакнува папата Фрањо во телеграмата со сочувство, која ја прати до сестрата на кардиналот, потсетувајќи дека тој длабоко го одбележа животот на универзалната Црква, ставајќи се храбро, потполно во служба на Христос и покрај тешката болест.

Кардинал Туран е роден на 5 април 1943 година во Бордо, Франција. На Папскиот универзитет Грегоријана во Рим завршува теолошки и филозофски студии, каде станува и магистер по филозофија и теологија

За свештеник е ракоположен на 20 септември 1969 година. Дипломатската служба на Светиот Престол ја започнува во 1975 година, а во 1983 година е повикан во Рим во Советот за јавни црковни работи, каде во 1988 година е именуван за потсекретар за тој Совет. Во 1990 година е именуван за надбиксуп и е поставен за секретар во  Советот за јавни црковни работи, кој од таа година се преименува во Оддел на Ватиканскиот Државен секретаријат за односи со другите држави. Тој оддел го водеше 13 години.

Свети Иван Павле II. во 2003 година го именува за кардинал и потоа е именуван и за архивар и библиотекар на Светата Римска Црква. Папата Бенедикт XVI. во 2007 година го именува за претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, а папата Фрањо во 2013 година го именува за член на Папската комисија во Институтот за верски работи.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот