Твитер пораката на Папата по повод празникот на свети Бенедикт

Твитер пораката на Папата по повод празникот на свети Бенедикт

На 11 јули 2018 година општата Црква го слави свети Бенедикт од Нурси, заштитник на Европа и основач на бенедиктинците. По тој повод папата Фрањо на Твитер сподели кратко размислување истакнувајќи дека Европа повторно ја открива надежта кога човечката личност е во срцето на нејзините институции.

„Европа повторно ја открива надежта кога човечката личност е во срцето на нејзините институции. Свети Бенедикте моли се за нас“- напиша папата Фрањо во својата порака која ја објави на Твитер по повод празникот на таткото на западното монаштво и заштитникот на Европа свети Бенедикт Нурсиски.

Потсетуваме дека во април оваа година Светиот Отец по повод 125 годишнината од основањето на Бенедиктинската конфедерација во аудиенција прими претставници на разните ограноци и меѓународни институции на тој ред кој го основа свети Бенедикт Нурсиски.

Исус Христос во центарот на животот на свети Бенедикт

Во таа прилика потсети на зборовите на свети Гргур Велики за свети Бенедикт кој го нарекол сјајна ѕвезда, и објаснува дека во неговото време обележено со кризата на вредностите и институциите свети Бенедикт знаел да го расудува важното од споредното во духовниот живот, постојано ставајќи го Господ во центарот. Притоа посака и денешните бенедиктинци да го практикуваат расудувањето за да препознаат што доаѓа од Светиот Дух, а што од духот на светот или од духот на сатаната. Тоа расудување не бара само спообност за расудување, туку исто така тоа е дар кој треба да се бара од Светиот Дух – рече меѓу останатото папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот