Тајван: Папата Лав XIV се моли за жртвите од тајфунот и испраќа помош за населението

Тајван: Папата Лав XIV се моли за жртвите од тајфунот и испраќа помош за населението

Светиот Отец е информиран за последиците од тропскиот циклон кој го погоди Тајван и ги повика Папските добротворни служби да им пружат конкретна помош на настраданите.

Папата Лав XIV е информиран за жртвите и материјалната штета предизвикани од тајфунот Данас, кој изминативе денови со силен удар ги зафати островските делови на Тајван. Светиот Отец „се моли за сите погодени“ и ја задолжи Канцеларијата на папските добротворни организации „да упати конкретна и непосредна помош до населението“. Ова го изјави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, во обраќање до новинарите.

Тропскиот циклон што го зафати брегот на Тајван остави зад себе трагични последици. Според досегашните информации, потврдена е дека две лица се загинати, а над 500 се повредени – дел од нив поради урнатини и уривања на објекти, а други во сообраќајни незгоди за време на невремето. Првичните извештаи говорат дека над 3.000 лица се евакуирани од погодените области.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот