Татковците се свештеници во своите семејства

Татковците се свештеници во своите семејства

Во Стариот Завет, свештениците биле оние кои принесувале жртви и кои ја предводеле молитвата. Ако го симнеме тоа на семејно ниво: мажот и таткото е оној кој треба да ја предводи молитвата. Товија ја предводеше молитвата, а не Сара! Кај нас е сè наопаку: Еве ова ќе го направи жената! Не, туку ти како маж треба тоа да го направиш!

Кога еден маж, сопруг, татко се моли – постои двојно дејство врз децата! Не му треба теологија за тоа. Според тоа, секој маж треба да има свештеничка, пророчка и кралска улога во неговото семејство. Не се удирајте премногу во гради, бидејќи тоа всушност значи служење! (Дон Дамир Стојиќ)

10 Заповеди за мажот и таткото

  1. Развијте интимен, личен однос со Исус, овозможете му да ви го прости минатото, да разговара со вас, да ве лечи и да ве води. Потоа, верувајте му на Светиот Дух во сè. Верувајте дека ќе ви обезбеди сè што ви треба, вклучувајќи и финансиска помош.
  2. Средете ги вашите приоритети: прво Исус, на второ место жената, децата на трето место, вашата работа на четврто место итн. Развијте неделен распоред, правејќи простор за квалитетно време со Господ, со твојата жена, со секое дете и семејството како целина. Најважно време на мажот секој ден се првите пет минути кога се враќа дома од работа и љубовта и вниманието што им ги покажува на жената и децата во тоа време. Запомнете дека вашето човечко татковство е вкоренето во божественото татковство на Семоќниот Бог (Ефесјаните 3.14 – 15; ККЦ, 2214).
  3. Разберете дека сте “свештеник” во куќата. Вашата примарна одговорност е да ја следите телевизијата и нејзиното влијание, интернетот и неговото влијание, како и книгите и списанијате кои влегуваат во вашиот дом. Морате цврсто да се спротивставите на сите лоши влијанија, постојано барајќи ја Божјата сила и лидерство за да го водите вашето семејство да живее чисто, свето и ненасилно. Esto vir! (Бидете човек!). Таткото со пример ги всадува моралните доблести во својот дом. Стекнете навика да ги благословувате вашите деца – и сами и со вашата жена – пред спиење ноќе или пред да заминете од куќата наутро.
  4. Бидете запознаени со тоа што вашите деца ќе ги учат за моралот на училиште. Сите наставници учат “во ваше име”, бидејќи вие и вашата жена сте првите едукатори на вашите деца. Ако ги поучуваат на контроверзни работи во училницата, мора да имате цврст став. Првото место за учење и практикување на христијанските вредности е во семејниот дом – вашиот дом што вие го надгледувате. Ова е голема одговорност која ви е доверена вам (како “глава” на вашето домаќинство) и за вашата жена (како “срце” на вашето домаќинство). Разберете дека вашето водство треба да биде обликувано според водството на мудриот и разумен цар, кој го сака и владее над неговото царство и неговите жители. Вашето лидерство не смее да биде како на господар кој владее над своите робови. Вие не сте глава на семејството за да ги задоволите вашите потреби, туку да ги задоволите потребите на вашето семејство. Вашето водство не е за да ви се служи, туку вие со радост да служите. Вашето водство се состои во пожртвувана љубов и служење. Како глава на семејството, вие сте повикани на голема одговорност. Многу мажи и татковци го сакаат водството без одговорноста што тоа ја бара. Дрзнете се да дисциплинирате со љубов и лидерство. Мудриот и разумниот крал ги сака сите во неговото царство и сака да ги види како напредуваат во полнота на убавината и вистината. Тој сака сите да ги доведе до целосната вистина и просперитет. Самиот Исус Христос е глава на неговата Црква; Тој е крал на кралевите и господар на господарите. Свети Августин го нарекува семејството “домашна црква”. Вие сте “глава”, “крал” и “господар” на “домашна црква”: “Местото и задачата на таткото во семејството се многу важни и незаменливи. Откривањето и повторното живеење на земјата само на Божјото татковство (сп. Ефесјани 3,14-15), мажот е повикан да обезбеди хармоничен развој на сите членови на семејството” (папа Иван Павле II., Familiaris Consortio [Улогата на христијанско семејство во современиот свет] 25).
  5. Молете се за својата жена редовно. Обидете се да водите едноставен, но искрен духовен дневник и да го споделите со неа, дури и ако вашите записи се само кратка, инспиративна фраза. Верувај дека Господ ќе ја води, прочистува и ќе ја посветува врската со вашата жена. Таа е “срце” на домот. Почитувај ја како таква. Сакај ја со иста љубов и љубезност како што Христос ја сака Својата Црква. Запомнете дека вашите синови ќе се однесуваат со жените онака како што виделе дека вие сте се однесувале со вашата жена. Слично на тоа, вашите ќерки ќе научат од својот татко што да очекуваат од мажите во врската. Споделете го со жената нејзиниот товар, нејзината тага и нејзината радост. Молете се на Господа за сила да ја љубите со истата љубов и чистота како што Тој ја сака Својата невеста, Црквата.
  6. Поминете квалитетно време со секое дете. Имајте уникатен и личен однос со секое дете. Моќта на татковците кои ја потврдуваат љубовта е многу голема и е нешто навистина убаво. Децата имаат потреба од тоа. Тоа им е потребно за нивниот целосен и правилен развој. Нека секое дете ги споделува своите идеи, чувства, стравови и проблеми со вас. Направете сѐ што е во ваша моќ за да се осигурате дека вашето дете може да ви довери било што. Периодично споделувајте ги своите согледувања со вашата жена за вашето дете. Дисциплинирајте ги со сила и љубов (повторно, вашиот модел тука е мудриот и разумен крал кој владее со жителите на неговото царство цврсто, но со голема љубов, а не како господар кој владее над своите робови).
  7. Посветете го вашиот дом на Пресвето срце Исусово. Поставете “молитвена соба” во домот во просторија каде што семејството се собира. Во таа соба треба да има “мал олтар”. Поставете на масата Библија, биографии на светците и Катехизам на Католичката Црква. На или околу масата исто така, поставете слики (статуи, или икони) на Пресвето срце Исисово и Безгрешното срце на Марија. Секојдневната семејна молитва на Бројаницата е моќна молитва. Ако вашите деца се уште мали, молите само десетка од бројаницата и/или да се моли Бројаницата на Божанското милосрдие. Убавo, одредено време за семејната секојдневна молитва и духовно читање (на пр. 15 до 20 минути) секоја вечер е веднаш по вечерата. Тука може да се вклучат дневните литургиски читања. Повторно, сетете се дека сте домашен свештеник. Каков таков, вие сте поканети да бидете вистински лидер. Возрасното дете со радост ќе се сеќава на раното практицирање на верата во семејството. Тој тоа никогаш нема да го заборави. Таткото мора да биде вистински христијански сведок за неговата сопруга и деца. Ова е истовремено должност и одговорност. Исто така, поттикнувајте го користењето на благословот со членовите на семејството. Сакраменталиите се “свети знаци кои имаат сличност со Светите Тајни и по кои духовните ефекти се идентификувани и се добиваат преку молитвите на Црквата” (ККЦ). Примери за сакраментали се знакот на крстот, света вода, членство во кафеавиот скапулар на Пресвета Богородица од планината Кармел, верски медали, благослови, поклоненија, поворки, постојките на Крсниот пат, духовната уметност, Бројаницата и почитувањето на моштите. Иако сакраменталите се разликуваат од седумте свети сакраменти, се многу важни во животот на христијанските католици. Исто така, се потикнува посета на светата Тајна Евхаристија со членовите на семејството, на пример, при вршење на работа во град.
  8. Не дозволувајте спортските и другите активности да станат поважни за вас и вашите деца од Исус Христос и семејството. Спортот денес стана лажен Бог во Америка – особено во неделата – и е пренагласен. Забавувајте се дома. Направете нешто како семејство. Ова бара креативност, имагинација и често однапред планирање. За ова барајте предлози од жената и од постарите деца.
  9. Молете се за секое од вашите деца да може да одговори на повикот кој Семоќниот Бог за него или неа го избрал од вечноста. Никогаш не го прашувајте вашето дете, “Што сакаш да бидеш?” Наместо тоа, прашајте го секое дете “На што мислиш дека Бог те повикува?” Ќе им помогне да ги признаат сталежите во животот, без разлика дали тоа ќе биде живот на самец, во брак или посветен религиозен живот. Често зборувајте за тоа со вашите деца, особено по достигнувањето на 15-годишната возраст.
  10. Осигурајте се вашите членови на семејството честопати да добиваат Свети тајни. На светата тајна исповед треба да се пристапи најмалку еднаш месечно и на Светата Тајна на Евхаристијата најмалку еднаш неделно. Треба да работите да направите членовите на вашето семејство да не се чувствуваат слаби во грев. Како семејство одете на неделна света Литургиија. Во ова не им попуштајте на вашите тинејџери. Ако попуштате, не го исполнувате повикот на татко. Потикнувајте ги членовите на вашето семејство да имаат голема љубов кон Евхаристијата. Молете се редовно и посветено. Сторете сé што е во ваша моќ (како мудар и разумен крал на својот дом) неделата да е навистина Господов ден и ден на семејната заедница; односно, ден на молитва, релаксација и одмор. Повторно, ова бара креативност, имагинација и често однапред планирање. Побарајте го мислењето на вашата сопруга и децата за ова. Запомнете, секој добар и целосен празник е навистина “ре-креација” на душата и телото.

МОЛИТВА ЗА НАШЕТО СЕМЕЈСТВО

Небесен Оче, најдобар и најљубезен Татко, задржи го нашето семејство во љубов. Направи нашето семејство да биде место каде во изобилство има светост и љубов. Помогни ни да бидеме како Исус во нашите секојдневни обврски. Помогни му на нашето семејство да биде како светото Семејство на Исус Христос, Марија и Јосиф. Помогни му на нашето семејство да учи од добрите примери на оние семејства кои Те радувале со својот живот. Нека членовите на нашето семејство научат секогаш да бидат добар пример за живеењето во вистинска христијанска вера, надеж и љубов. Помогни му на нашето семејство да ги носи болките и страдањата како што тоа го правел Исус. Помогни им на членовите на нашето семејство, исто така, да ги надминат тешкотиите и носењето на нивните крстови. Помогни ни нашиот семеен живот да води до Исус Христос, изворот на сета вистина и среќа. Тоа Те молиме по Исус Христос, Твојот Син, кој живее и владее со Тебе во единство со Светиот Дух, еден Бог, за вечни векови. Амин.

СЕМЕЈНА МОЛИТВА НА НАШАТА БЛАЖЕНА МАЈКА МАРИЈА

Света Маријо, Дево Богородице, ние ја бараме твојата заштита и ние те викаме “Кралица на семејството”. О Блажена Мајко, ти беше зачната без грев. Нека секое семејство денес те избере како модел на домашениот живот заедно со свети Јосиф, твојот сакан, чист и грижлив сопруг. По твоето безгрешно зачнување, сочувај ги сите семејства од секоја катастрофа, од секакво насилство и несреќа. О Света Девице, благослови и заштити ги сите семејства, зајакнувај ги во искушенијата и сочувај ги од секакво зло. Амин.

Растимо у Господину/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот