Може да живееш на овој свет, а при тоа никогаш да не влезеш во црква. Можеш да кажеш дека го прифаќаш Христос, но не и Црквата. Можеш да плукате по градбите и по луѓето. Сѐ ти е дозволено, но дали сѐ ти користи?
Можеш ли да кажеш дека го сакаш Христос, а при тоа ја отфрлаш Црквата?
Навистина можеш да ја читаш Библијата и да донесеш заклучок дека Црквата е застарена, останала да живее во првиот век, кога живеел Христос?
Па зарем тоа не е комплимент за Црквата, затоа што ја сочувала Христовата наука?
Многумина се обидуваат на Црквата да им го одземат учењето и да го заменат со свое, па дури и нивните синови, но Црквата секогаш била посилна кога изгледала дека е поразена, мртва! Било посилна затоа што Христос ѝ го покажал патот од гробот и затоа таа никогаш нема да престане да постои. Можеш да ѝ го одземеш надворешниот сјај, златото, камењата, но Црквата и понатаму ќе живее затоа што Христос е жив!
Останува на тебе дали во овој свет ќе живееш со Црквата, како еден ден сите би живееле во присутноста на Отецот.
Која е целта на твојот живот?
Ако сакаш рај, тогаш Црквата и светите Тајни се твојот пат, но дали можеш да влезеш во таа градба и да си признаеш дека тука реално е присутен Христос?
Дали можеш да си признаеш дека имаш потреба од помош на твојот пат кон Домот на Отецот небесен? Тоа не е срамно, туку искрена храброст!
Фра Винко Брковиќ /к.мк/
Фото:Cathopic