Струмица: Прва Причест и процесија со светата Причест

Струмица: Прва Причест и процесија со светата Причест

Празникот на Евхаристијата, 18 јуни 2017 година, во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица беше збогатен и со примање на Прва Света Причест на деца од парохијата кои во изминатите неколку години преку веронаука се подготвуваа за тој свечен чин. Свеченоста започна со процесија во која покрај свештениците, министрантите учествуваа и првопричесниците придружувани од своите родители.

За време на проповедта о. Гоце Костов обраќајки им се на првопричесниците ги потсети дека од денес тие ќе бидат „домаќини“ на Господ Исус Христос и ги повика низ целиот нивен живот да бидат кон него гостопримливи, секогаш подготвувајќи Му пријатно место во нивните животи, посебно преку светата Исповед. Но истовремено ги повика останатите присутните секој да си одговори какви „домаќини“ сме за Христос, дали наоѓаме време за да разговараме со Него, да седнеме на заедничка трпеза со Него. (…) За нашите гости можеби помислуваме што да принесеме за да јадеме и пиеме, но кога му дозволуваме на Христос да ни биде гостин, тој со себе носи храна и питие кои доаѓаат од небото и нѐ водат во небо. Храна која светот не може да ја даде…

Пред самата света Причест првопричесниците со запалени свеќи во рацете го обновија Крстниот завет, а потоа го примија Исус Христос – светата Причест.

Пред крајот на светата Литургија се одржа процесија околу Црквата, а за таа прилика беа подготвени четири олтари, пред кои се читаше светото Евангелие. Оваа година првиот олтарите ги подготвија пасторалните групи во парохијата и тоа децата и младите, брачните парови, мажите и молитвената група „Вистинскиот маж моли“, и молитвената група на жени од парохијата.

Свеченоста заврши со агапе во парохиската сала „Света Мајка Тереза“ подготвено од парохјаните, а присуствуваше целата парохиска заедница.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот