Во четврток 5 јануари 2017 година во парохиската црква Свети Иван Крстиел – Струмица со почеток во 17.00 часот ќе се моли Деветницата за празникот Рождество Христово, а веднаш потоа децата и младите од парохијата ќе се обидат визуелно да го приближат рождеството Христово и за таа цел ќе го претворат црковниот двор во јудејското градтче Витлеем. Таму ќе може да сретнете бројни ликови од настанот: војници, ангели, пастири, мудреци, Јосиф и Марија….
Утредента децата со божиќни песни одејќи низ куќите ќе го навестат Рождеството Христово, повикувајќи ги луѓето за Божиќ да се исповедат, да одат на света Литургија и да се причестат.
Овој настан е организиран од децата и младите од парохијата, а во него се вклучени и Црковниот одбор и Каритас волонтерите кои ќе делат топол чај за посетителите. За реазлизација на оваа активност во дворот на црквата е направена Витлеемска штала.
Децата од „Витлеем“ со радост ве очекуваат!
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк